Фаталната црнка стана русокоса!
Познатата актерка на забавата на Британската академија за филмска и телевизиска уметност се појави со нова фризура и ги изненади сите. Имено, 52 годишната Селма Хаек на настанот се појави во фустан од модната куќа „Gucci“ кој остана во втор план поради нејзината фризура. Таа на црвениот килим се појави со руса боја на косата, а многумина повторно се прашуваа дали актерката носи перика или решила да премине во таборот на русокосите.
Таа и минатата година ги изненади сите кога на Модната недела во Њујорк се појави со руса коса, но веднаш призна дека носи перика. Таа и во интервју за „Allure“ неодамна изјави дека не сака да ја менува бојата на косата. „Едноставно повеќе немам трпение за тоа“ изјави Селма, па нема воопшто да се изненадиме ако и овој пат е во прашање само краткотрајна промена.
Што мислите вие?