Приказната за турболентната врска на Селена Гомез (25) и Џастин Бибер (24) доби уште едно ново интересно продолжение.
Како што пишуваат сите американски таблоиди, на идиличната љубовна врска помеѓу младите ѕвезди повторно и дојде крајот бидејќи парот реши да се раздели.
Како најнова причина за нивното раскинување се наведува неодобрувањето на семејството на познатата пејачка. Иако мајката на Гомез навиваше за симпатичниот Бибер додека беа млади бројните проблеми што пејачот ги направи во меѓувреме придонесоа да стане најголем противник за нивно помирување, пишува порталот TMZ. Прво се пишуваше дека се на пауза, но откриено е дека Селена не можела повеќе да го трпи притисокот на својата мајка па одлучила дефинитивно да ја прекине врската со младиот пејач.
Папараците цел ден го бркаа познатито пејач за да дознаат дали веста со раскинувањето е вистинита, но тој не сакаше да даде изјава во врска со тоа.