Холивуд

Познатата убавица постојано носи фустани кои можеме да си ги дозволиме и ние

Advertisement

Селен Гомез дефинитивно знае какви фустани да избере.

Advertisement

Познатата пејачка во последно време се почесто фура еден нов бренд кој и е омилен. Станува збор за француската модна куќа „Rouje“ која што ја основаше убавата парижанка Жан Дама, најдобрата пријателка на секс симболот на денешницата, Емили Ратајковски. Нејзините цветни фустани и здолништа се инспирирани од впечатливиот дамскиот стил од 60-тите и парискиот дух, а најдобро од сé е што цената на овие прекрасни „винтиџ“ модели се движи од 100 до 300 долари што воопшто не е пресолена цена ако земеме во обѕир дека водечките ѕвезди најчесто ги гледаме во фустани кои не можеме да си ги дозволиме.

Што се однесува до Селена Гомез, таа не можеше да му одолее на еден модел кој во продавниците на Roujse се продава околу 200 долари, а која познатата пејачка го носеше дури во две бои – црвена и црна. Црниот модел убавицата го носеше со патики од „Louis Vuitton“ (уште еден бренд кој им е омилен на многу познати дами), црвена чанта и темни очила за сонце од „Roberi & Fraud“, а преку ременот носеше префрлен бел џемпер.

Во многу сличен модел само во црвена варијанта беше забележана во Њујорк, само овој пат во комбинација со сандали „Sergio Rossi“ во розово-златна нијанса. Благодарение на пејачката фустанот е распродаден во рекордно време, што на француската дизајнерка и донесе не само заработка туку и внимание. Убавата парижанка само на Инстаграм има преку 600 илјади обожаватели пред кои секојдневно ги споделува своите шик комбинации

Селена носеше фустан од овој бренд и пред неколку недели. Станува збор за пократок модел во светла сина нијанса кој го усклади со бели патики од „Louis Vuitton“, голема бела чанта, тренди алки и шик очила за сонце.

Жан Дама

Па, дали ви се допаѓаат овие фустани?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button