Ова се сексуалните навики на најсреќните парови! Дали сте и вие меѓу нив?

Сигурни сме дека ќе се согласите со нас дека добриот сексуален живот е еден од главните зачини на секоја успешна љубовна врска.

Но кои се тие сексуални рутини според кои среќните парови се издвојуваат од останатите и дали вие сте меѓу нив?

ADVERTISEMENT

Ако страста не ја одржувате како што треба, таа би можела да згасне и да се претвори во монотона и досадна рутина која подоцна би можела да ви направи проблеми. Затоа најдобро е да не се потценуваат ни најмалите работи кога се љубовта и љубовните игри во прашање, а за да не дојде до тоа, прочитајте кои се сексуалните навики со кои се издвојуваат среќните и заљубени парови од останатите.

Тие веруваат во нивната сексуалност

Ова е една од најважните сексуални навики на среќните парови. Експертите тврдат дека луѓето најмногу се возбудуваат од помислата дека партнерот ги посакува. Жените понекогаш можат погрешно да ја разберат машката желба, бидејќи претпоставуваат дека тие секогаш се расположени за секс, но тоа може лесно да се реши преку искрен разговор.

Не ги потценуваат малите работи

Среќните парови знаат дека не мораат да прават големи „сцени“ за да ја одржат страста во врската. Доволни се редовните телефонски повици или пораки со убави зборови за да се сочува интимноста и сексуалната желба.

Секогаш наоѓаат време за секс

Доколку времето во кое сте воделе љубов по неколку пати на ден сега е само далечно сеќавање, би требало повторно да го сместите на врвот од вашата листа на приоритети. Иако многумина сметаат дека сексот е нешто што треба да дојде само од себе, по напорниот работен ден и насобраниот стрес, сепак потребно е малку повеќе труд и планирање за да се вратите на старите навики.

Facebook Comments
(Visited 280 times, 1 visits today)