Кога сме изложени на голем стрес, потребен ни е некаков издувен вентил, а верувале или не, многу жени „спас“ бараат во љубовниот чин.
Чоколадо, чаша вино, разговор со пријателите, луда забава.. Сето ова доаѓа во предвид, но доколку во овие ситуации барате утеха во сексот тогаш треба да раазмислите два пати.
Жените кои копнеат по секс кога патат или се тажни, почесто се впуштаат во ризични сексуални односи, се заклучува во новата студија објавена во магазинот „Journal of Sex Research“, пишува „Women’s Health“.
Научниците дошле до овие заклучоци врз основа на испитувања спроведени на 929 жени и 1054 мажи.
Воопшто не изненадува фактот дека жените почесто се тажни, нервозни или под стрес, но загрижува тоа што во вакви ситуации голем број жени се склони кон ризично сексуално однесување.
Ваквите жени се заинтересирани за секс со кој било маж, односно подготвени се да заминат во кревет со потполно непознато лице.
Исто така, жените на кои во стресни ситуации им расте либидото, почесто пријавувале каење поради своето слободно сексуално однесување, па по сексот се чувствувале уште полошо.
Ова не значи дека сексот треба потполно да се избегнува кога сте под стрес, но сепак добро размислете кога одите во кревет, со кого и зошто.
Women’s Health