Белата е совршена боја за летниот период и тоа не само затоа што ги одбива сончевите зраци, кога надвор е неподносливо, туку и затоа што во неа изгледаме елегантно, возвишено и префинето.
Погледнете ги овие бели и преубави летни комбинации на познатите девојки. Од малиот бел фустан, па се до комбинации во кои целосно преовладува оваа боја. Погледнете и инспирирајте се како да носите БЕЛО во наредниот период…
Жизел Биндшен боса во белиот долг фустан изгледа како самовила…
Сличен неодолив призор во бело ни пружи и Ким Кардашијан која ја зачини својата комбианција со преубави сандали.
Кејт Мидлтон изгледаше прекрасно во преубавиот бел фустан со тантела со должина до колената и со полудолги ракави.
Па, како што жена мора да има мал црн фустан во својот плакар, така за преку лето задолжен е и малиот бел фустан. Совршен примерок е фустанот што го носеше првата дама на Америка, Мишел Обама.
види повеќе » |