Доколку ве фати страст сосема неочекувано, на пример додека возите на некоја забава, па за момeнт застанете на некое подзасткриено местo, тогаш тоа може да биде и мошне возбудливо.
Доколку знаете што треба да правите и имате искуство, секако дека сексот во автомобил може да биде возбудлив. Доколку тоа се случи кога најмалку се надевате, додека возите на некоја забава, па „желбата“ ви се појави некаде на сред пат, и по некое време застанете некаде – има ли нешто поубаво од спонтана и незауздлива страст?
Но, доколку сте нови во секс на седиште од автомобилот, тогаш овие неколку совети ќе ви дојдат добро.
За почеток добро е автомобилот да не премногу несреден, бидејќи никој не го сака тоа, а и лошо влијае на расположението. Доколку имте автомобил, одржувајте хигиена!
Кондомите за задолжителни во вакви ситуации!
Доколку сексот во автомобил е планиран однапред тогаш треба да внимавате што ќе облечете. Избегнувајте тесни фармерки и слоевито облекување. Комбинацијата треба да биде едноставна, да нема премногу нервози доколку заглавите при соблекувањето.
Љубов на совозачко седиште.
Прва варијанта:
Тргнете го седиштето назад до крај, а потоа спуштете го наслонот. Мажот треба да е долу, а девојката му седи во скутот свртена кон него. Не може да биде појасно и поедноставно и сето останато е до вас…
Втора варијанта
Мажот лежи исто како во претходната варијанта, а таа седи на него свртена со грб, а со рацете се потпира на предниот дел од колата.
На задното седиште
Доколку сте се одлучиле за задното седиште, тогаш најнапред треба да се запознаете со предностите на оваа поза. Најпрво тргнете го предното седиште за да добиете што повеќе место. И оваа поза има две варијанти: во првата мажот седи, а жената му е во скутот со нозите во клечечка позиција, додека мажот е помеѓу нејзините нозе. Тој доле, таа горе. Втора варијанта е девојката да му седи во скутот, но свртена со грб.
Мисионерска поза на задното седиште
Самото име ви кажува се, таа лежи на грбот, а мажот лежи на неа. Многу е веројатно дека нема да ви биде удобно како на кревет, но со малку фантазија мисионеркста поза може и те како да биде интересна.
Ова се основните и најлесните пози за секс во автомобил. Секако дека не се единствени, па затоа ваше е дали ќе експериментирате.