Нега и здравје

Епохално научно откритие: Секс со 20 жени кај мажите го намалува ризикот од рак на простата

Advertisement

Одлична вест за сите швалери и донжуани – доколку спиете со поголем број жени тоа ќе ви го намали ризикот од рак на проста на постари години.

Advertisement

Истражувачки тим од Монтреал, Канада, во нивната најнова студија откри дека мажите кои спијат со повеќе од 20 жени за 28 отсто имаат помала можност да заболат од оваа тешка болест. Откриено е и дека во споредба со оние мажи кои спиеле само со една жена, тие дури за 19 отсто ја намалуваат можноста од заболување на агресивен тип на карцином.

Но, според канадските научници ова не важи за гејовите. Кај нив е забележано дури и спротивното – ако хомосексуалците за време на животот имаат сексуални односи со дваесет машки партнери, тие со тоа двојно ја зголемуваат можноста за оболување од карцином на простата. Можноста да заболат од агресивниот облик на оваа болест кај нив е дури за пет пати поголема.

Мажите пак, кои апстинираат од секс, исто така се двојно повеќе изложени на опасноста да заболат од рак на проста. Во студијата биле вклучени 3208 мажи, од кои 1590 биле заболени од карцином на проста. „Можно е поголемиот број на партнерки да значи и поголем број ејакулации, а од претходните студии познато е дека ејакулациите имаат одреден заштитен ефект кај оваа болест“, објаснува раководителката на истражувањето, Марие- Елисе Парент.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button