Што сака тој во креветот
Телефонскиот секс всушност преставува прозор во умот на вашиот партнер и по жешкиот разговор ќе ви покаже што е она што потајно го сака.
Довербата е најважна
Една од најважните работи е да и верувате потполно на личноста со која се впуштате во телефонски секс бидејќи на тој начин ги делите најинтимните фантазии. Доколку не се чувствувате сигурно, се може да тргне во погрешна насока. (Ова правило можете и да го прескокнете, бидејќи само кај нас вашите интимни фантазии можат многу лесно да станат јавно достапни на Јутјуб. Но, има кој се грижи за тоа, нели?!)
Што подетално, толку подобро
Кога е во прашање телефонскиот секс, треба да се фокусирате на деталите, како на вашиот партнер би му створиле подобра слика. Кажете му слободно што сакате да ви прави, но и сликовито опишете му што носите на себе, каде се наоѓаат вашите раце во моментот на зборувањето, каде сакате да ве допира и сл.