Реклама
Нега и здравје

7 секојдневни работи кои ве прават да изгледате постари!

Реклама

Храната која што ја консумирате, начинот на кој спиете…се дел од работите кои што ви додаваат екстра години на надворешниот изглед.

sedenje1

Внимавате на својата диета, вежбате, а сепак добивате впечаток дека стареете побргу отколку што би требало!?

Маркетинг

Ние ќе ви укажеме на неколку навики кои што можеби влијаат на вашиот изглед, а за кои не сте свесни. Начинот на кој што спиете, храната што ја јадете…сето тоа може да му додава по неколку години на вашето лице. Еве што велат експертите на оваа тематика од познатиот портал Health.com.

Сте ги исфрлиле сите маснотии од исхраната

Маркетинг

Не се сите масти штетни. Всушност, доколку сакате да го задржите младешкиот изглед, мора да ’јадете‘ здрави масти, тврди нутриционистката Френси Коен. Омега 3 масните киселини е пожелно да ги консумирате што почесто, а некои од природните извори се риба, ореви, ленено семе…омега 3 масните киселини ја одржуваат кожата еластична, го спречуваат создавањето на брчки и ја поттикнуваат работата на срцето.

Крема за сончање користете само кога сте на плажа

Кремата за сончање би требало да ја нанесувате на кожата секојденвно, тврди демартологот Сара Л. Тејлор. УВ зрачењето е присутно дури и кога денот е облачен и дождлив и затоа би требало да користиме крема со заштитен фактор 30 – 50, секој ден!

Мултитаскинг

sedenje3

Иако може да ни изгледа дека вршењето на повеќе работи истовремено претставува одличен начин што побргу и поефикасно да се ослободиме од обврските кои што се пред нас, тоа е всушност контрапродуктивно.

Луѓето мислат дека мултитаскингот е добра работа, но на тој начин не решаваме ништо. Напротив, му создаваме дополнителен стрес на организмот“, тврди докторот Рејмонд Кашиери.

А токму стресот е еден од главните причинители за отпуштањето на слободните радикали кои ги оштетуваат станиците. Затоа не работете повеќе работи истовремено, туку концентрирајте се на една додека истата не ја завршите и потоа ставете го приоритетот на друга, порачува овој доктор од калифорниската болница Сент Џозеф.

Јадењето благо

sedenje2

Сите ги сакаме малите и вкусни чоколадца, кекси и слично. Воздржувањето од нив освен што ќе ни помогне во намалувањето на несаканите килограми (или барем во спречувањето на нивното зголемување), исто така помага и во задржувањето на младешкиот изглед. Молекулите на шеќерот се врзуваат за протеинските влакна во нашите станици, објаснува демартологот Др. Сузан Стјуарт. Поради тоа нашата кожа може да го загуби сјајот и здравата боја и да добие брчки. Доколку сакате да ја избегнете оваа појава, прескокнувајте го десертот што почесто.

Гледањето на ТВ ни го крати животниот век

Секој час поминат пред телевизорот или мониторот од компјутерот ни го скратува животот за 22 минути, се наведува во магазинот British Journal of Sports Medicine. Ова тврдење доаѓа како резултат на испитувањето на 11 000 Австралијци на возраст од 25 и повеќе години. Оние кои што седат пред телевизорот или компјутерот во просек 6 часа дневно имаат пократок животен век во просек за околу 5 години во споредба со оние кои не поминуваат толку време пред малите екрани.

Кога седиме повеќе од 30 минути, телото започнува да наталожува шеќер во станиците, а тоа пак го поттикнува процесот на стареење, тврди доктор Кашиери.

Го поминувате денот седејќи

sedenje4

Знаеме дека животот поминат во седечка положба е опасен за здравјето. Се зголемува ризикот од рак, кардиоваскуларни заболувања, како брзината со која старееме. Повеќето од нас не можат да го променат местото на кое работат седејќи, па затоа редовното вежбање е од круцијално значење. Само 150 минути вежбање неделно може да ни го продолжи животот и до 13 години – наведуваат во магазинот British Journal of Sports Medicine.

Премногу шминка

Премногу пудра на лицето може да има долгорочни негативни последици.

Нанесувањето на преголеми количини шминка, посебно производите на база на масло може да ги запушат порите на кожата и да предизвикаат воспаление“, тврди доктор Стјуарт. Производите со алкохол и разни хемикалии може да ја исушат кожата затоа што ги отстрануваат природните масти од кожата и на тој начин предизвикуваат стареење и создавање на брчки.

Потребно е да се консултирате со дерматолог околу тоа кои производи се најдобри за вашиот тип на кожа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button