Секоја вечер имајте ја оваа рутина – нема ништо подобро од ова за вашето семејство
Секоја вечер пред спиење посетете ги вашите деца во нивната соба. Тогаш емоциите се силни, појасни, проблемите навираат, бараат излез, најчесто низ солзи. Тие полесно ќе ви се отворат. Можеби за нас нивните проблеми се мали, но за нив се огромни!
Водете грижа за тоа како се однесува детето и како другите се однесуваат кон него во училиштето, како се чувствува пред тест, зашто сето тоа може да биде сота сресно за него. Пружете му поддршка. И на големите деца посветете им еднакво внимание. Не дозволувајте да помине ниту еден ден а да не бидете сигурни дека вашето дете ве почувствувало блиски. Разговарајте, прегрнете го и никогаш први не отпушќајте се од прегратките.
Истото направете го и со вашите браќа, сестри, сопружници. Споделете го својот ден, па што и да ви се случило, обидете се да најдете разбирање. Отворете ја својата душа и примете ги и нивните зборови. Бидете и крило, но и рака која ги брише солзите. А кога сами ќе ви потечат солзи, најдете рамо за плачење и олеснете си. Ако би споделувале повеќе и ако повеќе би разговарале за нашите проблеми, тогаш не би биле толку полни болниците и чекалниците.
Бидете сигурни дека секоја ноќ самите на себе но и на своето семејство му обезбедувате лесна и мирна ноќ. Помолете се за оние кои ги сакате и оние кои ве сакаат. Бдете со нив!