Реклама
NEWSВести и политика

„Секој еден, може да е следен“ – Протестот за смртта на Фросина денес стана уште помасовен (фото)

Неколку илјади граѓани денес во 17 часот се собраа пред Универзална сала во Скопје да изразат протест за усмртувањето на младата Фросина чиј живот згасна токму на тоа место, на пешачкиот премин, на 29 јануари.

Реклама

За разлика од протестот кој се организираше минатиот петок и на кој излегоа стотици главно млади луѓе, овојпат многу повеќе граѓани (неколку илјади) излегоа на улиците, и од сите генерации.

„Секој еден, може да е следен“ – е мотото на протестот, а граѓаните од местото на убиството на Фросина, се упатија кон Собранието, а оттаму ќе продолжат до Кривичниот суд.

Се очекува да им се придружат граѓани и од пред Собранието, и пред Судот.

Маркетинг

Во првите редови меѓу граѓаните кои протестираа беа и мајката, таткото и сестрата на Фросина Кулакова.

фото-гламур.мк
фото-гламур.мк
фото-гламур.мк
фото-гламур.мк
фото-гламур.мк
фото-гламур.мк

На тротоарот меѓу семафорите на „Партизанска“, стои фотографија од Фросина пред која граѓаните палат свеќи, оставаат цвеќиња, срциња, мечиња и трогателни пораки.

Маркетинг
фото-гламур.мк

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button