Според астрологијата, секој ден во неделата претставува една планета, има своја моќ и квалитет, па така е погоден за одредени планови и акции.
Понеделник – ден на месечината
Понеделник како прв работен ден во неделата е поволен за плодост и зачетоци. Тој е добар ден за донесување одлуки кои имаат врска со вашите чувства, а месечината ве прави почувствителни.
Вторник – ден на Марс
Вторник е ден во кој ќе бидете полни со енергија и на овој ден е добро да купите или да продадете нешто. Тој исто така е идеален ден ако сакате да направите промени во вашата исхрана или пак да започнете со спортски активности.
Среда – ден на Меркур
Во среда на мир можете да планирате што ќе правите во наредните денови, а исто така можете да разговарате и со другите во врска со вашите планови. Но, запаметете дека во овој ден не треба да започнувате со никаква реализација на плановите.
Четврток – ден на Јупитер
Четврток е ден во кој се трошат многу пари. Ако одите на некое патување или ако излезете некаде, бидете внимателни на што ќе ги потрошите вашите финансии. Четврток е ден за медитација, зашто тогаш имате најбистра интуиција.
Петок – ден на Венера
Петок е ден погоден за љубов и за романтични вечери. Исто така е идеален за оние кои се слободни, затоа што тогаш имаат најголеми шанси да запознаат нови личности. Петок е ден кога ќе имате најголема храброст и волја за флертување.
Сабота – ден на Сатурн
Ако започнете проекти во сабота, тие често знаат да се одложат, затоа што тоа е ден каде што не се завршуваат обврските. Но, овој ден има и свои предности, затоа што ви дава трпение и истрајност во работата. Ако склопите пријателство во текот на овој ден, обично на крај има добри резултати.
Недела – ден на Сонцето
Недела е идеален ден за одморање и опуштање, како и за дружење со пријателите. Во овој ден практикувајте само работи кои ве исполнуваат. Исто така недела е ден за да соберете енергија за наредните денови.