Нега и здравје

Секој ден јадела 3 суви сливи пред појадок – еве што ѝ се случило со телото по еден месец

Антиоксидансите и противвоспалителните својства на сувите сливи можат да спречат губење на коскена маса и да помогнат во одржување на здрава густина и формирање на коските, според клинички студии.

Advertisement

Сувите сливи се, без сомнение, најдобриот избор од суво овошје. За разлика од свежите сливи, сувите можат да се чуваат во остава околу шест месеци. Кога се чуваат во фрижидер, во затворен сад, може да се јадат до една година.

Во составот на сувите сливи се наоѓаат концентриран сорбитол и влакна, што им дава поголем лаксативен ефект од свежите сливи. Како свежите сливи, така и сувите претставуваат вистинска мала ризница на калиум, влакна и витамин К, додека во трагови се наоѓа магнезиум и железо.

Advertisement

Во било која форма, сливата е неверојатно богата со уникатни фитонутриенти, неохлорогенска и хлорогенска киселина. Тие супстанци се класифицирани како феноли, а нивната улога како антиоксиданси е потврдена во повеќе научни истражувања. Исклучително значајна е способноста на свежите и сувите сливи да го подобрат искористувањето на железото во организмот, што се врзува со витамин Ц во овошјето.

Консумирањето на четири до пет суви сливи ви обезбедува околу 280 мг калиум или околу 12% од дневниот препорачан внес.

пекселс

Еве неколку потенцијални здравствени придобивки од јадењето суви сливи.

Сувите сливи се подобри од сувите смокви

Еден од најстарите кинески лекови е направен токму од суви (димени) сливи и се вика убаи. Овој лек ги олеснува симптомите на мачнина, треска и кашлање. На врвот на листата од 24 видови овошје според антиоксидантната моќ се наоѓа свежата слива (Prunus domestica), додека сувата слива е далеку пред сувите смокви, урмите, грозјето и кајсиите, со два пати поголема антиоксидантна моќ.

Сувите сливи се добар извор на нерастворливи и растворливи влакна. Нерастворливите влакна помагаат во одржување на редовна столица, додека растворливите влакна помагаат во умерена дигестија и апсорпција на хранливите материи од храната. Сувите сливи исто така содржат сорбитол и хлорогенска киселина, кои можат да ја зголемат фреквенцијата на столицата.

Антиоксидансите и противвоспалителните својства на сувите сливи можат да спречат губење на коскена маса и да помогнат во одржување на здрава густина и формирање на коските, според клинички студии. Поголеми количини на витамин К во сувите сливи исто така помагаат во подобрување на здравјето на коските.

Само три до четири суви сливи дневно можат да помогнат во неутрализирање на клетките на штетните слободни радикали кои негативно влијаат на меморијата.

Зошто треба да се јадат суви сливи секој ден

Истражувањата покажале дека флавоноидите присутни во сливите се ефикасни во заштита од старосно когнитивно оштетување. Редовното консумирање сливи исто така помага во спречување на старосни невродегенеративни нарушувања како што се Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест.

пекселс

Сувите сливи можат да помогнат во намалување на нивото на гликоза во крвта и LDL холестерол („лошиот“ холестерол), истовремено штитејќи ги клетките од оштетување кое може да доведе до болести.

Кога да се јадат суви сливи

Јадењето суви сливи наутро е одличен начин да ги искористите придобивките од антиоксидансите за почетокот на денот. Тоа може да помогне во редовно празнење на цревата и да спречи запек. Покрај тоа, природниот поддржувач на енергија од сувите сливи може да ви помогне да имате по-продуктивно и поенергично утро.

Можеби не е најдобро да се јадат пред спиење за да се ублажи запек. Лаксативниот ефект на сувите сливи може да трае неколку часа, а нивната консумација пред спиење може да предизвика нелагодност и пореметување на сонот. Затоа е најдобро да се јадат суви сливи порано во денот, оставајќи доволно време за лаксативниот ефект пред спиење.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button