Иако сите сакаме да живееме среќно со нашиот партнер до крајот на животот, сепак, понекогаш тоа е невозможно…
Истражувањата покажуваат дека секој четврти брак завршува со развод. Но, треба да се има на ум дека разводот не значи и прекинување на животот. Во некои случаи разводот дури може да донесе и подобри работи. Еве кои предности ги нуди добриот развод.
1. Ќе имате повеќе шанси да го запознаете „вистинскиот“
Кога сте во брак, несвесно го избегнувате спротивниот пол, а тоа од страв партнерот да не ви љубомори. Така пропуштате прилики да запознаете многу интересни луѓе со кои би можеле да склопите пријателство. После неуспешниот брак, шансите да го најдете оној кој ви одговара се поголеми.
2. Сета своја енергија можете да ја насочите кон личен раст и развој
Ако со текот на времето престанавте да водите сметка за себе и се одрековте од своите хобија, тоа значи дека полека сте почнале да се губите себеси. Ако не се чувствувате убаво во бракот, време е да промените нешто. Вратете се на себе и својата енергија вложете ја во нешто што ве исполнува.
3. Ќе бидете посреќни
Со разводот ќе го изгубите вашиот сопруг, но ќе добиете среќа. Истражувањата покажале дека разведените луѓе се многу посреќни, отколку кога живееле во лош брак.
4. Вашите деца ќе бидат посреќни
Иако многу парови одлучуваат да останат во брак откму поради децата, тоа е многу голема грешка. Децата се’ гледаат и се’ слушаат. Ним ни малку не им е лесно да живеат под притисок и стрес.
5. Ќе изгледате многу поубаво
Иако можеби не сте започнале диета, вие сепак ќе изгледате поубаво! Тајната е во внатрешната трансформација која ќе се гледа и однадвор. Многу луѓе по разводот го променуваат својот изглед и тоа придонесува за нивната убавина.