Реклама
Култура[тор]

Е мој бато, секогаш ќе биде онака како што е!

Реклама

Веќе на сите ни е преку мандало кога станува збор за скандалот околу Калиопи и Бекстејџ. Прво, затоа што Калиопи е убедливо една од ретките ѕвезди кај нас што од Х причини заслужува да настапи на Евровизија, второ Бекстејџ е лоша варијанта на хрватскиот Ред карпет и уште полоша варијанта на нешто што треба да го представува македонскиот џет сет. Евровизија пак е нешто за што веќе одамна сите зрели музички индустрии во Европа не ставаат ниту рецка, туку на тоа шоу повеќе гледаат како на некое си глам-геолошко-музичко-политички марифетлак: „Ајде да се испробаме, ама преку песна“, нешто како во цртаниот Happy Feet, додека онаму каде што никој не гледа, навистина чекорат голи и боси нозе.

Да, да.. Треба да победи песна за која што сепак во позадина ќе биде една национална кауза од типот на „кој кого и колку љуби“ и за „когом главу губи“ – поради начинот на гласање, секако, а не песна која што во себе ги содржи вистинските вредности и квалитети. И што е најсмешно, токму тука, околу изборот и гласањето за песната, но во наши, македонски – што ќе решеш патриотски, рамки, и се судрија нашите два табора, т.е. двете спротивставени страни и им се спрепелкаа копјата. Оние на Калиопи и оние на Бекстејџ.  А токму така, како „препелици на препеченица“ ќе звучат тие на суд, доколку дојде до таква разрешница или пак ќе ги закопаат воинствените секирки, некаде, во некаја биртија и ќе се залее со по некое скопско веќе стоплено од муабетот околу новиот дил во македонскиот шоубизнис! Но, проблемот е во тоа што сега зад сцена, од оваа страна на малите екраните, се сомневам дека некој воопшто и ќе навива. И повторно онаа на Дуковски: Нешто што некаде е инцидент, кај нас е систем!

Епа ајде Калиопи среќно, ти држиме стегнати палци,
до толку што ќе речеш нема шанси да пишеме СМС! Пахх!

Маркетинг

{youtube}yshcDwe8hjc{/youtube}

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!

Маркетинг

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button