Не поминаа ни две недели од новогодишните празници, а ангелот Кендис Свинепул повторно е во полна пареа и во одлично издание ја претстави новата колекција на Викторија Сикрет.
Колекцијата е преполна со блескави елементи, гламур и секако, целиот настан доби дополнителен сјај во присуство на импозантниот сексапил на Кендсис со кој таа како и секогаш, ги крадеше воздишките.
26 годишниот модел покажа нозе во нејзиното секси бордо здолниште кое го носеше во комбинација со црна ролка и црни салонки. Да, ако некој може да помине со толку кусо здолниште и толку висок прорез, и притоа да не изгледа вулгарно, туку феноменално, тоа сигурно се ангелите на Викторија.
Па, доколку сакате да го позајмите овој секси look, погледнете што ви подготвија нашите модни уредници за денес.
види повеќе » |