Фановите се загрижени за нејзиното здравје
Познатата пејачка Сека Алексиќ напиша порака на социјалните мрежи со која ги запрепасти своите фанови.
Имено, таа напиша дека нуди стручна помош на заболените од дијабетес, а нејзините фанови се загрижени дали и таа боледува од оваа болест или само сака да им помогне на заболените.
Доколку имате некој што боледува од дијабетес или сами се борите со истиот, сите прашања и небулози како и стручна помош побарајте кај најдобрите. – напиша на својот профил пејачката, а многумина ова ги наведе да помислат дека и самата боледува од оваа болест.
Но, дали таа навистина е дијабетичар или не, се уште не е познато.
Инаку, Сека е бремена и заедно со својот сопруг Вељко Пиљковиќ наскоро повторно ќе се остварат во улога на родители.
Познатиот пар ќе добие уште еден син кој ќе го крстат Исак.
Прославија 10 години љубов
Сека и Вељко кои пред три години го добија синот Јаков, неодамна прославија годишнина од бракот.
За оваа специјална пригода пејачката во текот на денот сподели фотографија од нејзината свадба на која таа имаше долга црна коса и шишки, а напиша и интересна емотивна порака наменета за нејзиниот сопруг.
„Денес ни е 9 години од бракот, а 10 години од љубовта. Во животот е тешко да сретнете сродна душа, но кога ќе ја најдеш ја имаш засекогаш! Многу му благодарам на Бог за сé, на тоа што те имам, на нашите момчиња и на љубовта што ми ја даваш“, напиша тогаш познатата пејачка.