Реклама
Кафе муабет

Јас имав сé, но одеднаш се изгубив …

Реклама

Мојот живот беше неудобно предвидлив. 

zivot1

Во секое време знаев што ќе се случи следно, во секој момент и секој ден.

Маркетинг

Монотонијата на мојот живот го уништуваше мојот дух.

Јас повеќе не бев јас и знаев дека патот додека се вратам назад ќе биде страшен и непредвидлив, но во одреден момент јас немав избор. Не можев да живеам далеку од самата себе, па почнав да лутам без идеја за тоа каде одам. Ова се случи пред 3 и пол години.

Маркетинг

Денес го пишувам ова.

Која е разликата? Јас и илјадниците километри кои ги поминав оттогаш. Илјадниците искуства кои ги собрав и кои ме донесоа назад, таму каде што припаѓам.

Ако веќе се чувствувате изгубено, слушајте внимателно. Вашата душа се дере на цел глас: „Помош! Мене ми е здодевно и изгубена сум. Овие околности повеќе не ме задоволуваат. Почни да бараш пак. Пребарај го секој агол. Пробај нови работи. Направи ужасни процени, доживеј страшни неуспеси и пробај нешто ново пред да ме најдеш.

Продолжи да одиш додека не почнеш повторно да се смееш, додека не откриеш разбирање, прифаќање, среќа, задоволство и што е најважно ЦЕЛ.“

Кога се чувствувате изгубено, тоа значи дека сте ја изгубиле вашата цел.

Секогаш ќе постои една личност која никогаш нема да ја заборавите>>>

Паметам дека имав неверојатна грижа на  совест затоа што не си го ценев совршениот живот.  За време на овие неколку години, сфатив дека моите надворешни околности, колку и да изгледаат совршено, не се важни ако моите внатрешни околности се скршени, изгубени и лишени од аспирации. Ако немам цел, моите околности ќе изгледаат бесцелни.

Забележете како одговарате и реагирате. Ќе научите нешто ново за себеси, не само за вашиот карактер, туку за она што ве поттикнува да сјаете.

Откако ќе го пронајдете тоа, ќе ја пронајдете и вашата цел.

Кога се ставате себеси во непознати ситуации, тогаш сте најконцентрирани. И секогаш ќе се пронаоѓате себеси во непознатото.

Најтешкиот дел од овој процес е осаменоста.  Не можете да се потпрете на никој да ве води во вистинската насока. Плус ова е мисија за еден човек. Да се прави сам е целата поента на патувањето.

Неколку совети од една мајка за нејзината ќерка …>>>

Слушајте се себеси без оглед на тоа што може другите да зборат. Се што е важно е вашиот сопствен поттик, а не обесхрабрувањето на другите.

Она што ме поттикнуваше мене беше вербата. Верував дека во секој момент сум таму каде што треба да бидам и дека ќе завршам таму каде што треба да бидам.

Ова е вашиот единствен живот и би било трагедија ако не се откриете себеси.Не можете да се откриете себеси доколку не се барате себеси, па затоа изгубете се…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button