TVИнтервју

Сега кога ја нема мојата мајка, ми одекнува прашањето имаше ли таа време за себе – искрено со ЖИВКИЦА КАЛЕНИКОВА

Трката по подобар живот, сето она што ни се претставува како треба да изгледа еден успешен и среќен семеен живот, е она што всушност ни прави да заборавиме да го уживаме живееме сегашниот миг, вели водителката

Реклама
Реклама

Мајка на три малолетни деца, водителката Живкица Каленикова, е една успешна и реализирана дама во својата професија. За јавноста е позната како една од најдобрите водителки на тв-екраните. Живкица секогаш имала одлични проекти зад кои се потпишува како автор.

Овој пат ја поканивме во нашата рубрика – РОДИТЕЛИТЕ НА 21 ВЕК. Сакаме да дознеме каков родител е таа, да ја навратиме на нејзиното детство, но и да добиеме некој совет од неа.

Низ овој разговор се запознавме со симпатичниот Даријан, слаткиот Марко и слатката Ана.

Маркетинг

Уживајте!

Маркетинг

1. Дали е тешко да се биде родител на 21 век?

– Веројатно родителството отсекогаш било предизвик, особено кога за прв пат го искусувате,но навистина во 21 век е исклучително предизвикувачки да се биде родител. Премногу притисок мислам доаѓа од интернетот-лупата под која ги живееме нашите животи. Да не бидам погрешно разбрана јас сум за сето она што не носи напред, ни ја олеснува комуникацијата и ни помага во побрзо доаѓање до информации, НО … треба човек многу мудро да ги искористи бенефитите на сето тоа, без притоа да ја изгуби сосема приватноста, да не падне на лагите кои се сервираат и да не ги заборави вистинските вредности и својот идентитет.

2. Може ли да нè запознаете со вашите дечиња. Како се викаат. Колку години имаат, мал кус опис за нив.

Даријан во јуни ќе наполни 13 години и ќе почнеме една нова предизвикувачка фаза – тинејџ години се радувам кога го гледам во какво емпатично искрено и одговорно момче расте, го сака спортот – тренира активно триатлон и е прва мајкина љубов. Марко ќе полни 11 во мај, со него го доживеав мајчинството веќе подготвена, но секојдневието со него како расте е вистинско изненадување. Динамичен, со спортски дух но и премногу љубопитен за се околу него. Ана не ја очекувавме толку брзо, сега ќе полни 10 години, со Марко не се ниту една цела година разлика па често знае да му каже дека се речиси близнаци:)

Кога ми велеа дека е поинаква врската со ќерка не знаев за што ми зборуваат но како расте, разбирам што сакале да ми кажат.

3.Дали веќе покажуваат афинитети за нешто?

Сите се спортски активни и мислам дека треба децата да бидат активни колку може повеќе бидејќи за жал денес тие ја немаат таа маалска улична дружба како што сме ја имале ние, а воедно тоа е една од алатките во борбата со користењето на дивајси и играње игри.

Веројатно афинитетите ќе им се менуваат, за сега Марко сака да биде фудбалер, Ана актерка.

4. Како ги добија своите имиња?

Даријан-дар од бога, сакавме некое по кусо, јас Иан, читајќи го календарот православен самото име ми се покажа. Марко е роден токму на Св.Марко а мене секогаш ми беше и многу симпатично од нашата серија „Девојките на Марко“ Ако имаме девојче имавме желба со сопругот да биде Ана, по нејзината прабаба.

5. Споделете со нас некоја анегдота што ви ја направиле.

– Има многу ама особено ми е драга една случка кога го затекнав Даријан на мијалникот како мие садови на свои 5 години и на мојата прашање што правиш-средувам, не сакам да се мачиш само ти како што ќе сакам да и помогнам и на мојата жена;))

6. По какви методи се придржувате за растење на детето, по традиционалниот начин на како вашите родители ве учеле или пак ги практикувате модерните начини со следење на книги, интернет групи и сл.

– Се е микс, сите ние имаме некој начин на воспитување кој го копираме до некаде од она што сме го сведочеле и како не растеле,особено ако тоа ви буди убави спомени и емоции се разбира, се обидувам да бидам присутна за моите деца секојдневно онолку колку што им требам, кога се помали им требате физички повеќе, но како растат важна ми е врската на доверба која ја градиме.

Многу љубов, разбирање, давање чувство на сигурност,искрени разговори, заемна почит, но и заемни извинувања за грешките кои ги правиме, отворено зборување за тоа што не ни се допаѓа едни кај други, ми се дел од алатките со кои се обидувам да бидам најдобрата верзија на родител за моите деца,но и тие да израснат во свесни, емпатични личности.

7. Што мислите има ли голема разлика во начинот на растење на децата во 21 век, за разлика од времето кога вие сте биле дете?

Секако дека има, се е поинаку, во многу аспекти, но не заборавањето на вистинските вредности, давањето многуууу љубов се основата на и за се и се нешта кои верувам дека ниту едно време не може да ги смени.

8. Што паметите од тоа кога бевте дете, на кој начин ве воспитуваа вашите родители? Раскажете ни некоја ситуација …

– Имав безгрижно среќно детство, со мојата сестра Анита со која сум особено блиска, не растевме оптоварени колку и што имаме, растевме во маало со многу дружби со грижа и љубов од родителите која ни влеваше самодоверба. Најмногу се сеќавам како го поддржаа мојот детски сон да работам во телевизија, и на тоа сум и неизмерно благодарна, затоа сакам да бидам ветар во грбот и на моите деца а не кормилото кое ќе им го насочува патот.

9. Што применувате од тогаш? Што сметате дека било погрешно во тоа време на воспитување?

Не знам дали би ги нарекла грешки, сите ние сме овде да научиме што повеќе работи, животот е едно големо училиште ако не и најголемото и најважното. Сите искуства треба да ни бидат поука, а секој сегашен момент да го живееме со радост и љубов.

10. Кои се најголемите предизвици (стравови) за родителите на 21 век?

Можеби размислувањето дека ако си имате и свои приоритети и си обратите внимание на себе и вашите лични потреби и желби кои во тоа време, а можеби и денес се сметаат за некаква себичност е тоа е она што го менувам како нешто на кое сум сведочела како дете. Од оваа перспектива сум благодарна што имав многу љубов од моите родители, но и ми е жал што мојата мајка особено имаше таква девиза, сега кога ја нема, секогаш ми одекнува прашањето имаше ли време за себе и своите желби и потреби.

Но од друга страна сите ние бираме каков начин на живот ќе имаме и веројатно го бираме она што не исполнува, а за неа тоа бевме ние, нејзините деца и внуци.

11. На кој начин се поделени обврските во вашето семејство околу децата?

Некако со сопругот сме воигран тим морам да признаам, тој како искусен и посветен татко многу добро си ја знае задачата како да даде љубов, без претерано да разгали, и да биде вистински столб во семејството кој ни дава сигурност на сите. Ги имаме оние ноќни разговори кога ќе се стивне денот и децата ќе легнат, да си раскажеме да се преслушаме на каков пат сме со децата и нивниот развој. Особено ми се здрави тие разговори, за да можете да видите до каде сте.

12. Кои се предности, а кои мани за родителите на модерното време?

Сето она што ги демнее денешните генерации, се обидувам да не дозволам стравовите да надвладеат со мојот разум, како велат сето она што го храните во вашиот ум, ќе стане поголемо од вас.

Гледам да ги заштитам децата од сето она што е нормален родителски страв, но и да ги предупредам дека за жал не сме сите луѓе исти.

13. Каков совет им давате на младите родители, на што треба да обрнат најмногу внимание?

Трката по подобар живот, сето она што ни се претставува како треба да изгледа еден успешен и среќен семеен живот, е она што всушност ни прави да заборавиме да го уживаме живееме сегашниот миг, а тоа е сè што имаме и е важно.

Сакајќи да ја покажеме на светот совршеноста која ја живееме забораваме да сме благодарни на несвршеноста која е најубавото нешто кое ни се случува доколку ја имаме со оние кои ни се најважни – семејството и вистинските пријатели.

Затоа уживајте драги мои секој предизвик има своја порака и убавина.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button