Дом и семејство

Седум бои што магично го зголемуваат просторот – вашиот мал стан ќе изгледа двојно поголем!

Со внимателен избор на боја, осветлување и распоред, вашиот мал стан може да изгледа стилски, поголем и многу попријатен отколку што сте сонувале!

Advertisement

Мал стан не мора да значи и мал комфор! Со правилен избор на бои, светлина и мебел, дури и најмалото катче може да изгледа пространо, светло и модерно.

фото-пекселс

Бојата на ѕидовите игра огромна улога во визуелното „големување“ на просторот — иако квадратурата останува иста, со правилните нијанси може да создадете илузија на поголем, поотворен и поудобен дом.

Advertisement

Еве кои бои ги препорачуваат професионалните дизајнери за мали станови, а ви носиме и плус совети како најдобро да ги комбинирате за максимален ефект:

Чиста бела – класика што не знае за утка

Белата боја е неприкосновен избор ако сакате да го „отворите“ просторот. Таа ја рефлектира светлината, внесува свежина и создава чувство на чистина и безвременска елеганција.

Совет: Играјте со текстури — таванот офарбајте го во ултрмат бела, ѕидовите во блага мат нијанса, а лајсните и вратите со полусјаен финиш. Ова додава длабочина без да го наруши спокојот во просторот.

Advertisement
фото-пекселс

Крем и ванила нијанси – топлина со елеганција

Ако ви пречи строгата белина, изберете крем или ванила тонови. Тие го рефлектираат светлото, создаваат топлина и визуелно ги шират малите простории како ходници, мали кујни и купатила без природна светлина.

Совет: Не правете големи контрасти меѓу таванот и ѕидовите. Блага разлика во нијансите ќе направи просторот да изгледа уште поголем.

фото-пекселс

Светлосина – небо во вашиот дом

Светлосината асоцира на ведро небо и носи мир и релаксација. Идеална е за детски соби, домашни канцеларии или дневни соби со многу природна светлина.

Совет: Комбинирајте ја со бел мебел за скандинавски минималистички изглед.

Плавосива – елеганција и спокој

Ако сакате поелегантен и модерен изглед, плавосивата боја е совршен избор. Таа создава илузија на поголем простор, особено ако имате пониски тавани.

Совет: Користете ја во спални, дневни соби или работни простории за смирена, но луксузна атмосфера.

фото-пекселс

Светлосива – совршена неутралност

Светлосивата боја е апсолутен хит во модерниот дизајн на ентериер. Таа е неутрална, лесно се комбинира со различни материјали како дрво и метал, и благодарение на способноста да ја рефлектира светлината, визуелно го проширува просторот.

Совет: Со светлосива основа лесно ќе ги менувате деталите и акцентите без повторно бојадисување.

Светлозелена – природна свежина

Сакате боја, но без да изгледа нападно? Светлозелените нијанси се вистинскиот избор! Тие внесуваат чувство на природа и спокој во домот.

Совет: Светлозелените ѕидови се идеални за купатила, кујни или како акцентиран ѕид во дневна соба.

фото-пекселс

Како да го зголемите ефектот на боите?

Користете огледала наспроти прозорците за да ја рефлектираат светлината.

Изберете мебел кој е понизок по висина и ненаметлив по форма за да оставите визуелно повеќе „воздух“ во просторијата.

Инвестирајте во добро осветлување: комбинирајте плафонски светилки, стоечки ламби и скриено осветлување за уште посветол ефект.

Минимизирајте ја натрупаноста: помалку е повеќе во малите простори!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button