Седнале во ресторан во Скопје и си порачале ребренца – погледнете ја сметката, еве колку платиле
Еве колку ќе ве чини еден ручек во овој ресторан доколку порачате печено ребро во фурна

Почитувани, во рубриката Препораки на Гламур магазин сакаме да издвоиме производи за кои сметаме дека би ве интересирале, но и за кои сме убедени дека се квалитетни или веќе и ние самите ги користиме. Ова исто така важи и за акции, попусти, но и препораки за одредени ресторани, кафулиња, хотели, па и културни настани за кои сметаме дека се интересни за читателите на нашиот портал. Некои текстови во оваа рубрика можат да бидат спонзорирани, а за некои пак се инспириравме од вашите предлози кои може да ни ги испраќате во коментарите или на нашата Фејсбук страница.
Иако нашите потрошувачи забележуваат значителен скок на цените на скарата во последните неколку години, нашите ресторани се преполни.
Впрочем за тоа и не ви треба некое истражување – доволно е да се прошетате низ било кој град во Македонија и веднаш ќе забележите дека познатите ресторани и кафани се речиси секогаш полни.
Иако храната во рестораните во сите градови е значително поскапена, нашиот народ едноставно сака да се почести.

Приватна архива
Кафаната е дел од нашата традиција, а скарата е нешто без кое ниту еден Македонец не може да си го замисли животот. Па дури ни оние вегетаријанците, кои исто така со своите пријатели често завршуваат на вакви места.
Од овие причини, денес решивме да објавиме една порака што ја добивме од еден наш читател, а кој сакаше да остане анонимен.

Приватна архива
Имено, тој ни испрати неколку фотографии од храната, но и од сметката што ја платил во еден ресторан во населбата Аеродром, во Скопје. Неговата објава ја споделуваме во нашата рубрика „Препораки“ (повеќе предлози погледете тука), која е токму за оваа намена, односно во која ви препорачуваме места за кои сметаме дека треба и вредат да се посетат, а ова дефинитивно е едно од нив.
Станува збор за ресторанот Малешевски мерак, кој се наоѓа во трговскиот центар Бисер во Аеродром .
View this post on Instagram
Нашиот читател со пораката што ни ја испрати најпрво се пожали на високите цени во некои ресторани во Скопје, но и дека се уште има места во кои ценовниците се пристојни, а храната превкусна.
И како што самиот вели, ова е едно од нив, каде бил пријатно изненаден од вкусот на реброто што таму го јадел.
Еве што ни откри овој наш читател:
„Бидејќи често со пријателите знаеме да појдеме на ќебапи у маало, овој пат случајно се најдов во населбата Аеродром, и со еден пријател завршивме во ова интересно кафанче. Местото не е големо, но зрачи со домаќинска атмосфера, и се наоѓа веднаш на самиот влез во трговскиот, но од споредната страна“.

„Пријателот ми препорача дека морам да го пробам печеното ребро во фурна, и навистина, беше урнебесно добро“.
„На крајот бев изненаден и од сметката, така што навистина на секој би му го препорачал ова место за домаќински ручек или вечера. Секако доколку не ги броите калориите и не сте вегетаријанци, па така за две ребра, две шишенца црно вино Александрија и две пива, ќе платите некаде околу 1500 денари, како што може да видите и сами од сметката“, пишува во пораката што ја добивме на нашата официјална Фејсбук страница.



