Седнале да јадат ќебапчиња во Охрид, а кога им стигнала сметката – туш! Еве колку пари им побарале
Па ова го нема ни во Скопје

Почитувани, во рубриката Препораки на Гламур магазин сакаме да издвоиме производи за кои сметаме дека би ве интересирале, но и за кои сме убедени дека се квалитетни или веќе и ние самите ги користиме. Ова исто така важи и за акции, попусти, но и препораки за одредени ресторани, кафулиња, хотели, па и културни настани за кои сметаме дека се интересни за читателите на нашиот портал. Некои текстови во оваа рубрика можат да бидат спонзорирани, а за некои пак се инспириравме од вашите предлози кои може да ни ги испраќате во коментарите или на нашата Фејсбук страница.
Ќебапчињата превкусни, а цената – посебна приказна…
Претпоставуваме дека досега милион пати сте сретнале и прочитале текст во кој ве предупредуваат дека кога ќе појдете во Охрид и ќе седнете во некој ресторан, пред да ви ја донесат сметката, да земеме воздух и да бидете подготвени за изненадување.
Епа и овој текст што ќе го прочитате во продолжение е сличен, само што овој пат станува збор за една девојка која останала во „шок“ кога и ја донеле сметката, но „шокот“ бил позитивен.
Приватна архива
Имено, таа со уште една своја другарка отишла на вечер во еден мал ресторан во Старата чаршија во Охрид и кога келнерот на крај им ја донел сметката, следувало вистинско, но позитивно изненадување – наместо очекувано висока цена, сметката била далеку поповолна од она што овие девојки го очекувале.
„Во Скопје и во Седмица ќе поминевме поскапо. А да не зборувам за тоа колку беше вкусно јадењето“, објаснува оваа девојка.
Приватна архива
Имено, оваа наша сограѓанка само сакаше со нас да го сподели своето позитивно искуство од еден ресторан во Охрид.
Станува збор за едно помало место, со преубава тераса, на самата улица во Старата чаршија во Охрид, а каде јадела мошне вкусни ќебапи.
Приватна архива
Но кога келнерот им ја донел сметката, била изненадена – платила помалку отколку на многу места во главниот град.
„Еве вака, јас и мојата другарка седнавме и си порачавме ќебапчиња, бидејќи ова местенце ни се виде некако симпатично. Бевме сместени во близина, изгледаше некако поинаку, со интересна атмосфера, а и беше преполно, за разлика од сите останати места во околината, што за нас беше сигурен знак дека ресторанот е добар и дека храната е вкусна. Повеќето гости беа странци, а бидејќи не е сезона, во градот и немаше премногу туристи“, ни напиша оваа девојка.
Приватна архива
Турско кафе – само 50 денари…
Таа потоа во нејзината порака што ни ја испрати, а која во продолжение ќе ви ја пренесеме во кратки црти, ни го откри следново…
Наводно, во ресторанот од кој ни ја предочи и сметката, порачале две порции ќебапи – една со пет, другата со десет ќебапчиња.
Приватна архива
Порачале и две пива – Хајнекен и Скопско, и кога келнерот им ја донел сметката требало да платат само 640 денари.
„И во Скопје немаше да најдеме олку евтини ќебапчиња, а да не зборуваме за тоа колку беа вкусни“, пишува оваа девојка.
Пилешки прсти – 220 денари?!
Таа ни прати и еден линк од една страница за порачки од Македонија, со едно од најпознатите места за ќебапи што се наоѓа во Скопската стара чаршија, каде порција со 10 ќебапчиња со лепче и пиперка се 360 денари, речиси дупло поскапа од порцијата на ова место во Охрид, а кое, верувајте, не е единственото.
„Џабе зборат дека Охрид е скап кога цените и во нашиот град не само што не се поевтини, туку знаат да бидат и многу посолени“, вели таа.
Принтскрин
Ќебапите во Скопје…
„И да јадевме во Седмица, за два хамбургери ќе плативме повеќе, а амбиентот не може ни да се спореди. Па затоа доколку планирате во следниот период да го посетите Охрид и сакате да јадете вкусни ќебапчиња, ве советуваме да го посетите ова место – се наоѓа во старата чаршија, во близина на чинарот, на самата уличка. Нема шанси да го промашите“, ни порача оваа девојка.