Популарната празнична игра Secret Santa којашто ни доаѓа од запад во последните неколку години е актуелна и кај нас.
Најчесто другарките се организираат или вработените во фирми ја прави оваа новогодишна забава за сите.
Играта се состои од тоа што се пишуваат на посебни ливчиња имињата на сите учесници во играта. Секој влече по едно ливче. Тој што ќе ти се падне на ливчето треба да му купиш подарок, без да знае до последен момент дека ти си неговиот Secret Santa или Таен Дедо Мраз.
Играта е забвана и мистерична и дента кога се делат подароците, најчесто за Божик или 31 декември се создава вистинска празнична магија.
Подароците се претежно новогодишни украси, симболични подароци кои ќе ве израдуваат, но може да биде и нешто луксузно и скапо во зависност колку можете да си дозволите. Најважно е да предизвикате нансемвка и радост кај тој што му го давате подарокот, а кој не се радува на подароци?
Доколку сте Secret Santa, а се уште не сте го купиле подарокот еве неколку предлози, можеби ќе ви помогнеме да заштедите време да лутате по продавниците без идеја.
ПЛАНУМ
Верувале или не, но планумите се многу корисен подарок. Доколу треба да му подарите на некој што е организиран, што сака да запишува и да води евиденција тогаш со ова дефинитивно ќе го израдувате.
КНИГА
Книгите се одличен подарок, тарен, вреден и верен. Зимскиот перидо предизвикува топло како, камин кој дава убава црвена светлина, шарените сијалички, елката, а вие под новогодишното ќебе со книга во рака. Иазрадувајте го некого до ваква божикна честитка и убава книга на попуст.
ЧАСОВНИК
Елегантните подароци сакаат да испратат и порака, понекогаш се одлична прилика за додворување. Доколу сте Secret Santa на некому кому што сакате да му го привлечете вниамнието еве одлична шанса со овој убав часовник
ПАРФЕМ
Парфемот е интимен подарок, за да подарите некому парфем треба добро да го пзонавате. Нашиот предлог е новата колкција ан Karl Lagerfeld која е синоним за магнет. Доколку подарувате на некој кој е без партнер со овој подарок ќе му помогнете во потрагата, гарантираме.
ЗИМСКИ КОМПЛЕТ
Шал, ракавици, баретка, капа… ова никогаш не е на одмет и секогаш ќе му се најде примена. Доколку не сте во можност да направите комплет исберете ракавици или капа и завиткајте гу во убав подарок со честитка. Ќе бидете практичен Secret Santa.
ПИЖАМИ
Пижами или долна облека, вклучувајќи весели чопарпчиња со новогодишни мотиви се секогаш добар празничен подарок. Bonatti имаат секогаш интересна колекција.