Реклама
Престиж

SEAT Ibiza Cupra 2012

Реклама

SEAT го искористи саемот за коли 2012 Beijing Motor Show за да го промовира новиот модел Ibiza Cupra. 

Маркетинг

Cupra повеќе претставува освежување на актуелниот модел, отколку нов. Сега за сега е само концепт и според најавите на челниците од Seat, ќе бидат направени само неколку мали промени пред моделов да се стави во сериско производство. 

Како надградување на тековната линија на Ibiza, претставена во Март на саемот во Geneva, има само некои мали измени во стилот, како по – ’џезерски‘ светла (со LED технологијата и напред и назад), поостра предна решетка и посилни предни браници.  

Маркетинг

Колава е направена според и досега познатиот концепт за моделов на Ibiza – “Ibiza SC three-door form” – значи со три врати, единствениот стил кој моментално (ќе) го поседува Cupra. Моделов беше промовиран во жолта боја, со црни затемнети стакла и според целиот изглед, а и добро познатата машинерија на VolkWagen од 1.4 литри со дупол charger бензинец кој го делат со Skoda Fabia vRS, Volkswagen Polo GTI и Audi A1 и кој не претрпи апсолутно никакви измени! 

Новата Cupra во секој поглед наликува, да не речеме е сосема идентична со постоечката, но тоа не значи дека нема да ви се најде во ’тон‘ со некое парталче со кое ќе се подновите на пазарот во Шутка, а после тоа целите така фино стокмени да отидете на кафенце на градска плажа покрај Вардар, од каде што ’под око‘ ќе ја набљудувате новата Барокна катна гаража, во која е вашата нова Cupra. Секако, доколку имате да издвоите некои 18 000 евренца – колку што се најавува дека ќе биде. 

alt  

alt  

alt  

alt

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine бесплатно на Facebook!

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

препорака
Close
Back to top button