Наши ѕвездиПортрети
COVER STORY

Се замислувам на сцена со танчери и кореографија, а сакам да снимам дует со Врчак и со Тамара – Лара Иванова за гламур.мк

Младата пејачка и балерина која ја освои публиката со неколку поседователни хитови, меѓу кои и популарната „Бела“, зборува за идните предизвици, за тоа како ја одржува топ формата, но и за пејачите кои ја инспирирале од детството и младоста.

Advertisement

Скопјанката Лара Иванова уште од својата шеста година паралелно посетувала основно музичко и основно балетско училиште. Во 2010 година настапи на детскиот фестивал „Супер ѕвезда“ со песната „Фабрика за насмевки“ на композиторот Александар Масевски. Подоцна своето образование го продолжи во средното музичко и балетско училиште „Илија Николовски-Луј“, на балетскиот отсек.

Во 2019 година за прв пат се појави на фестивалот „Макфест“ со песната „Кој те учи така“, а голем успех постигна во 2023 година со песната „Бела“, која ја сними заедно со Христијан Настески – Пајак. Композицијата „Бела“ ја доби наградата за најслушана песна меѓу два фестивали.

Advertisement

Годинава на Макфест настапи со песната „Доминантен“, каде што ги спои музиката, танцот и емоцијата, нешто што за неа е суштината на сценскиот настап. Сега пак, „Доминантен“ доби и свој видеоспот во кој убавата пејачка ги покажа и своите одлични танчерски вештини.

„Се гледам на сцената како еден артист кој може да донесе многу повеќе од само пеење. Дефинитивно се замислувам со танчери и кореографија, спој на танц и музика. Мислам дека тие две уметности одлично се надополнуваат на сцена. Денес публиката бара повеќе, не е доволно да излезеш само со еден „сталак“ за микрофон и да отпееш. Треба да имаш и квалитет за пеење и за играње“, вели Иванова.

Во однос на продукцијата и сценската поддршка во Македонија, додава:

„Можеби кај нас нема музичка продукција која може тоа целосно да го поддржи. Не дека нема, туку мислам дека продукциите повеќе се плашат да вложат во таков проект. Можеби мислат дека нема некој доволно сериозен што би можел тоа да го изнесе. Но јас верувам дека тоа може да се смени. Може да се почне со два-тројца танчери, со работа на авторски песни, и само така може да се успее.“

Лара е висока 171 сантиметар и има извајано тело благодарение на годините посветени на балетот.

фото гламур.мк

„До пред три години вежбав секојдневно, сега студирам балетска педагогија, вежбам помалку, но на Факултетотимаме стручни предмети кои ја одржуваат формата“, објаснува таа.

На прашањето кој ѝ е идол на балканската и светската сцена, Лара вели:

„Од балканската музичка сцена многу ми се допаѓа Сара Јо, таа има одлични настапи и кога зборуваме за кореографија и за пеење. Сенида е добар пример за бенд и за настап „во живо“. На светска сцена ми се омилени Бијонсе и Аријана Гранде, која имаше фантастична турнеја со пејачи и танчери. Од нашата сцена, многу ми се допаѓа Каролина, таа е пример за доследност. Би сакала некаков спој од сите нив, но со нешто свое.“

фејсбук/Лара Иванова

За својот музички стил додава:

„Најмногу би сакала спој на поелегантен хип-хоп со балетски и латино елементи, но да има и отсечни хип-хоп моменти. На настапите би сакала да пејам и балади, затоа што колку што можеш да ги ‘купиш’ со шоу, мора да ги ‘купиш’ и со глас.“

Во однос на идоли од детството, Лара без двоумење вели:

„Врчак и Тамара дефинитивно ми се фаворити. Би била пресреќна со нив да направам дует и со задоволство би прифатила.“

За нејзиниот сценски изглед и настапот на „Макфест“, Иванова открива дека избрала необична црна креација инспирирана од модерен балет, специјално изработена од Наташа Ларчева од модната марка „All Apparel“.

фото гламур.мк

„Сакав нешто уникатно, инспирирано од стилот на Тајла, со парталав изглед што доаѓа до израз при движење на сцена. Креацијата додава дополнителен ефект на настапот, особено затоа што балетот и танцот се дел од мене, тоа е мојата секојдневна инспирација“, вели Лара.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button