LIFESTYLEХороскоп

Се’ уште не знаете каде за Нова година? Еве што вели вашиот хороскопски знак за ова

Advertisement

Некои луѓе уште во октомври знаат каде ќе ја поминат новогодишната вечер, но повеќето ја оставаат оваа одлука за декември. Но, има и такви кои до последен миг не знаат каде за оваа луда ноќ. Ако и вие сте во последнава група, консултирајте се со хороскопот и дознајте каде идеално би ја поминале новата година.

ФОТО: Freepik

Овен

Изнајмувањето стан во последен момент со вашите пријатели на некое возбудливо место, би можело да биде одличен избор за вас.

Advertisement

Бик

Биковите сакаат опуштеност, мир и стабилност, па затоа најдобро би било да се соберете друштво со најблиски пријатели и да уживате во опуштена атмосфера.

Близнаци

Близнаците можат да разговараат со денови и затоа не им е проблем новогодишната ноќ да ја поминат со голем број луѓе. Забавата започнува кога вие ќе пристигнете!

Рак

Раковите ја сакаат топлината на домот, дури и за најлудата ноќ во годината. Затоа, вам ви одговара да останете дома со саканите и да се гушкате цела ноќ.

Advertisement

Лав

Вие сакате да бидете ѕвезда на вечерта, па затоа изберете место каде што можете да блеснете во новата модна комбинација која сте ја купиле.

Девица

Вам најмногу ви одговара да отидете на некое спонтано патување и да му се препуштите на моментот…

Вага

Вагите се заљубени во мирот и хармонијата, но вам би ви одговарало да направите и нешто друго. Излезете помеѓу луѓето кои ги сакате, опуштете се и ќе видете колку ќе бидете среќни.

Скорпија

Тврдоглавите Скорпии тешко е да ги натерате да прават нешто за нова година ако тие замислиле нешто поинаку. Останете доследни на себе и само така ќе се чувствувате најдобро.

Стрелец

Стрелците се авантуристи и најмногу би биле среќни доколку во последен момент најдат карта за омилениот концерт, затоа што тие сакаат спонтани задоволства. Ако со песна ја дочекате 2020 година, долго ќе ја паметите оваа новогодишна ноќ.

Јарец

Јарците се зрели и цврсти, но тоа не значи дека ќе им биде досадно за нова година. Зберете го вашето друштво и заминете во луксузен ресторан. Вашето срце ќе биде исполнето при влегувањето во 2020 година.

Водолија

Водолиите се единствени, што може да го забележиме преку однесувањето на новогодишната ноќ. Тие најмногу уживаат во локален клуб или бар, со најблиските пријатели.

Риби

Рибите не мора да прават ништо за нова година. Опуштањето со чаша вино, во топла купка, е идеален план за вас, затоа што вие знаете да уживате во самотијата.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button