CelebrityНовости

Се урна системот, а карта и по 700 евра – 1,6 милиони луѓе се обидоа да купат карта за концертот на Александра Пријовиќ во Загреб!

Фановите на пејачката создадоа невидена гужва онлајн – билетите се распродадоа за рекордно кратко време, а цените достигнуваат и до 700 евра.

Advertisement

Популарната пејачка Александра Пријовиќ повторно ја потврди својата ѕвездена моќ, нејзиниот концерт во Загреб се распродаде во рекордно време.

Дури 1,6 милиони луѓе се обиделе да купат карта преку Интернет, поради што системот за продажба целосно се урнал.

Advertisement

Пријовиќ ќе настапи за дочекот на Нова година, преку ден во Загреб, а вечерта ќе ја прослави со белградската публика. Веднаш по пуштањето на билетите во продажба, и покрај тоа што некои достигнуваат цена и до 700 евра, фановите буквално го „срушија“ сајтот.

За снашката на Брена се плаќа и по 700 евра за билет за концерт, а во Хрватска е позната и како новата Цеца, фото принтскрин инстаграм

Организаторите брзо реагираа и преку социјалните мрежи ѝ се обратија на публиката:

„Драги сите… 1,6 милиони обиди за купување, неколку технички напади и ете што се случи. Ви благодариме за трпението и љубовта што руши граници. Работиме на решението и наскоро ќе објавиме кога ќе продолжи продажбата на картите.“

Иако веста за настапот во главниот град на Хрватска предизвика вистинска еуфорија, дел од јавноста беше шокирана од цената на ВИП билетите.

На социјалните мрежи се појавија споредби со цените на концертите на Лејди Гага, а коментарите не застануваат:

„700 евра, навистина?!“, „Како може толку да чини?“, „Срамота!“, „Ова е лудило!“

Но очигледно, и цената е ситница за Хрватите што сакаат да ја видат и слушаат Прија.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button