Гламур интервју со Сузана Гавазова
Сузана Гавазова е една од најдобрите и најубави фолк-пеачки кај нас, која и покрај двете бремености изгледа беспрекорно. Вели дека изгледот се должи на тоа што има повеќе активности и внимава на исхраната, но откри и кои навики би сакала да ги исфрли, но во моментот тоа некако не и успева. Таа пешачи во природа, плива и редовно вежба, а што уште ни откри за тоа како успева да се одржи во форма и која е нејзината тајна за добар изглед, откријте во продолжение….
Приватна архива
Кои се Вашите песни на кои публиката најдобро реагира и се весели?
Публиката најмногу реагира на „Бум Бум“, „Свадба весела“, „Докторе“, „Лудо лето“.
Колку енергија бараат Вашите настапи?
Моите настапи бараат доста енергија и јас на моите настапи се давам целосно, но ако имам добра публика тогаш воопшто не чувствувам замор. Некогаш не можам да поверувам колку можам и колку имам енергија и сила, но мислам дека таа енергија ми ја дава публиката назад, така да можам секој ден да пеам месец дена и да не осетам умор, нормално ако пазам на исхрана и сепак да спијам барем 6 часови на ден.
Приватна архива
Многумина коментираат дека имате феноменален изглед, а на некои најверојатно им е и тешко да поверуваат дека сте мајка на две деца. Во што се крие тајната на вашето вито тело?
Е токму затоа изгледам подобро, затоа што сум мајка и тоа доста активна. Најубавото нешто што може да и се случи на една жена е да стане мајка. Сум кажала многу пати, не кријам, тајната е во исхраната, добрата и позитивна мисла и секако активности во природа.
Приватна архива
Во текот на летните месеци често споделувавте снимки од плажа на социјалните мрежи кои во фокусот е вашето тело. Какви костими за капење сакате најмногу и дали е потребна храброст за да се фотографирате во нив?
Го обожавам летото и костимите за капење. Секогаш кога имам нов костим за капење сакам да си направам фотографии или некоја снимка за да се пофалам. Се трудам тоа да изгледа с*кси и светски, а не ниско и ефтино.
Приватна архива
Како успеавте да го донесете телото во топ форма после две бремености?
Тоа се должи на повеќе активности и внимавање на исхраната.
Кои работи ги нема на Вашето мени, но и навики за кои сметате дека треба секој да се реши?
Сакам кафето да го исфрлам ама некако не ми успева. Мислам дека е подобро на сабајле да се пие чај.. Ги исфрлив од исхрана само чоколадите и газираните сокови.
Приватна архива
Без кои намирници не можете и кои придонесуваат да имате енергија и добра линија?
Во моето мени обавезно има зеленчук, овошје, салата, бело месо и риба.
На Вашиот Инстаграм често споделувате јадења што сте ги направиле, а кои изгледаат мошне вкусно. Можете ли да споделите со нашите читатели некој вкусен, но „здрав“ рецепт?
Уживам во готвењето и дома сите сакаме да јадеме готвено јадење. Моите деца не ја сакаат ресторанската храна а најмалку брза храна. Така се навикнаа од мали и многу се радувам што е така. Инаку најомилено јадење ми е грав. Гравчето е многу здраво да се јаде затоа што е богато со протеини, одличен извор на железо, калциу и селен.
Рецептот сигурно го знаете (хехе). Гравчето кога ќе се свари се потпржува со масло, брашно и црвен пипер и тоа е тоа
Приватна архива
Дали вежбате и која Ви е омилена вежба?
Пешачам во природа, пливам и правам основни вежби, ништо повеќе. Омилени вежби ми се склекови, стомачни и чучњеви.
Како се негувате, кој е Вашиот дневен ритуал?
Не се негувам нешто посебно, крема за лице и лосион за тело мислам дека е доволно за кожата да биде мека и хидрирана.
Што мислите за естетската хирургија, дали имате нешто направено и ако не дали во иднина би направиле нешто ?
Не мислам ништо за естетската хирургија и не мислам дека нешто ќе правам во иднина.
Како постигнувате внатрешен мир и што е она што најмногу ве опушта?
Внатрешен мир постигнувам со помош на молитва кон Бога и најмногу ме опушта кога со децата имаме некоја игра или кога сите заедно пешачиме, пливаме или скијаме.