CelebrityНаши ѕвезди

Се тресе естрадата – Гавазова им се извини на фановите за „лајвот“ со Боки 13 и призна дека поминува низ тежок период

Advertisement

Македонската пејачка Сузана Гавазова се огласи по бројните реакции што ги предизвика нејзиниот неодамнешен заеднички „лајв“ со Боки.  Таа во својата нова објава им се заблагодари на фановите за поддршката, но и упати јавно извинување до колеги и соработници кои се почувствувале навредени од содржината на преносот. Гавазова откри дека моментално поминува низ тежок период и дека целиот настан дополнително ја вознемирил.

Гавазова нагласува дека „лајвот“ бил замислен како лесна забава и дружење со публиката, а не како повод за навреди или негативни реакции.

Advertisement

Во својата објава пејачката напиша:

-Здраво на сите. Чувствував потреба да ви се обратам и искрено да ви се заблагодарам на сите што ми испративте пораки со пофални зборови, а јас од срце ви благодарам за сите топли и искрени зборови. Вашата поддршка навистина многу ми значи, особено сега, кога поминувам низ тежок период. Лајвот со Боки ми донесе многу немир, па затоа се чувствувам болно и многу тажно. Тој лајв беше замислен исклучиво како забава – да ве насмееме и да се дружиме на еден природен и опуштен начин. Од мое име се извинувам до сите колеги и драги соработници кои беа навредени или опсувани. Искрено, не знам дали Боки ќе се извини, па затоа почувствував дека јас морам да го сторам тоа. Што се однесува до Ритко – сè беше чиста шега. Целта беше само да ве забавуваме, и ништо повеќе“, пишува Гавазова на својот Фејсбук профил.

Со оваа порака, пејачката јасно стави до знаење дека нејзината единствена намера била забава и комуникација со публиката, но дека исходот од „лајвот“ излегол надвор од рамките што таа ги очекувала. Дополнително, таа презеде одговорност за делот од настапот кој публиката го доживеала како непримерен, иако, како што вели, сè било кажано во шега.

Објавата на Гавазова дојде како обид да се смири ситуацијата и да се расчистат недоразбирањата кои настанаа по преносот во живо. Пејачката го изрази своето жалење за непријатностите и упати благодарност за поддршката што ја добива од фановите, оставајќи простор и за можен иден одговор во форма на извинување од Бојан Јовановски, познат во јавноста како Боки 13.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button