Огласи
NEWSВести

Се трага по пејачката Сара, пратечи вокал на ДНК – таа пеела на концертот во Кочани

advertisement
advert

Расте бројот на жртвите од страотната несреќа што се случи рано изутринава во дискотеката „Плус“ во Кочани. Овој кобен ден зави голем број на семејста во црно. Според официјалните податоци на надлежните над 50 млади луѓе го загубија животот во пожарот, а над 100 се повредени и пренесени во различни болници низ државава. По многу лица се трага, не можат да ги лоцираат каде се наоѓаат.

Според досегашните информации, некои членови на бендот ДНК биле префрлени во болници во Скопје и Штип, а некои се на домашно лекување. Се чекаат официјални информации за нивната состојба.

Неофицијално, Панчо е сместен на државната Клиника во Скопје, на одделот за Пластична хирургија каде добива терапија со кислород, а состојбата на Андреј е непозната.

реклама

Професорката м-р Сара Пројковска е пратечи вокал на ДНК, таа вечерта анстапувала со нив, како што велат во објава нејзините колеги  од Фаакултетот за музички уметности каде што таа е вонреден професор, молат некој да ги извести за нејзината состојба  и каде е таа.


Пејачката Елена Ристевска на оваа објава напишала коментар дека има информации за нејзината колешка дека е жива и е хоспитализирана во болницата во Кочани.

Марpкетинг

На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од млади деца за кои што не се знае каде се. Се трага и по овие млади луѓе. Доколку некој има информација да им помогне на семејстават да ги пронајдат,

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button