Се славеше во куќата на Јордан Митев во Подареш – пристигнуваат честитки од сите страни (фото)
Емотивна објава на Јордан Митев, еве како му го честиташе роденденот на својот татко
Пејачот му го честиташе роденденот на својот татко
Нашиот познат пејач Јордан Митев преку својот профил на социјалните мрежи му го честиташе роденденот на својот татко.
Тој објави една нивна заедничка фотографија, но и емотивна порака со кој откри колку е поврзан со својот родител.
„Среќен роденден тате. Да си ми здрав и жив до 101на!“ напиша Јордан под фотографијата.
Фејсбук/ Јордан Митев
Потсетуваме, Јордан Митев заедно со сопругата и нивната ќерка живее во семејната куќа во родното село Подареш.
Принтскрин/ Јутјуб
Тој иако можеше да живее во Австралија каде е родена неговата сопруга, пејачот реши да живее крај своето родно огниште.
Фејсбук/ Јордан Митев
На ова место Јордан го помина своето детство и своите најубави години, а сега во истата куќа ужива и со своето семејство.
Фејсбук/ Јордан Митев
Неговата сопруга минатата година ја роди нивната ќеркичка Кристина, на која пред неколку недели и го прославија првиот роденден.
Фејсбук/ Јордан Митев
И како што самиот откри во една пригода за Гламур магазин, тој е пресреќен што му се родило женско дете.
Фејсбук/ Јордан Митев
„Уживам во родителството, тоа е едно посебно чувство поготово кога ќе го доживеете на зрели години, спремен за таа улога во животот. Апсолутно сум посветен на ќерка ми и уживам во тоа да ја гледам како ден по ден напредува и ни подарува насмевки и позитивна енергија на цело семејство“, откри познатиот пејач во една пригода за Гламур магазин.
Целото интервју со Јордан прочитаје го тука >>