И помеѓу нив во последно време не цветаат рози
Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли се најдоа во центарот на вниманието откако во медиумите се појавија наслови од типот „еден од најубавите холивудски парови се разведува.“ Неколку дена откако се појавија гласините се огласи и Рајан преку Твитер и на шеговит, нему својствен начин, соопшти дека меѓу него и Блејк се е во ред: „Никогаш нема да се разделиме. Таа секогаш ќе биде моја мајка. Без разлика колку марихуана има испушено со своите пријателки“.
Инаку, само да потсетиме парот се запозна во 2010 кога заедно глумеа во филмот „Green Lantern“. На почетокот беа само пријатели, а ситуацијата се промени кога и двајцата беа сингл и кога без да се воздржуваат можеа да и се препуштат на хемијата и страста кои претходно ја потиснувале цело време.
Тие во 2012 ќе застанат на лудиот камен, а во 2014 ќе станат родители на девојчето Џејмс, додека две години малечката ќе добие и сестра Инес.