Огласи
Бизнис

Се продава вила на кејот на Охридското Езеро со 8 апартмани – мераци за оној што ќе си ја купи!

Може веднаш да започне и со бизнис...

Покрај самото Охридското Езеро, на кејот Македонија, се продава вила со осум апартмани и со преубав поглед.

Објектот е речиси како нов, изграден во 2011 година, а апартманите се комплетно опремени со модерен и внимателно избран мебел што нуди максимален комфор и пријатен амбиент.

Секој апартман зрачи со посебна топлина и функционалност, сите се комплетно опремени и идеални за одмор, така што без никакви вложувања идниот сопственик би можел веднаш да започне и со издавање, како преку летниот период, така и зиме, пишува во огласот што може да го погледнете тука.

Реклама

Принтскрин/ Гугл мап

Имено, објектот е опремен со парно греење кое може да се регулира поединечно, а при градењето запазени се сите норми на ефикасна изолација. Во огласот е потенцирано дека има и внатрешна и надворешна изолација со што значително се заштедува како при ладење, така и при загревање во зимскиот период,  .

И како што може да се види и од огласот, вилата се наоѓа на самиот кеј, со поглед од милион долари кон езерото.

Маркетинг

Принтскрин/ Гугл мап

Целиот објектот има 360 метри квадратни плус двор од 130 метри квадратни, а за цената може да се договорите со сопственикот.

Целиот оглас погледнете го тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button