NEWSВестиЦрна хроника

Се преврте камион, еден загинат и осум спасени – трагедијата утрово кај Валандово

Advertisement

Трагедија се случи рано утрово на регионалниот пат Валандово – Дојран, кога товарно возило „мерцедес“ со полуприколка и српски регистарски ознаки, управувано од 52-годишен возач од Србија, излетало од коловозот.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во несреќата на местото на настанот починала жена – мигрантка од Кина, додека уште седум лица, исто така кинески државјани, се здобиле со повреди. Лекар од Итната медицинска помош излегол на лице место и ја констатирал смртта на жената.

Advertisement

Според првичните сознанија, повредените мигранти без знаење на возачот се наоѓале во полуприколката на камионот, во која, најверојатно, биле сокриени при преминувањето низ земјата.

Возачот С.М. (52) е задржан во Јавната здравствена установа во Гевгелија за укажување медицинска помош. На местото на несреќата увид извршила екипа на ОВР Гевгелија во присуство на јавен обвинител, а телото на починатата е предадено на обдукција.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, а во тек е и истрага за тоа како мигрантите се нашле во приколката и дали станува збор за организирана мрежа за криумчарење луѓе.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button