Реклама
Наши ѕвезди

Се породи една од нашите најубави спортистки – со сопругот на бебето му дадоа име со моќно значење

И на нејзиниот Инстаграм денес се појавија преубавите вести

Реклама

Познатата спортистка за прв пат во улога на мајка.

Поранешната кошаркарка и една од најубавите македонски спортистки, Едина Муса, се породи и се оствари во улога на мајка.

Едина која во последните години работи и како фитнес тренер се породи во Државната клиника во Скопје, а на својот Инстаграм профил ги сподели честитките што ги доби од пријателите.

Маркетинг

Едина и поранешниот македонски кошаркар Александар Димитровски Мачка добија син на кого му го дадоа името Максим.

Маркетинг

Едина името на нивниот наследник го избра уште во септември кога прв пат во јавноста откри дека е во блажена состојба.

Таа цело време беше мошне активна и вежбаше речиси до последниот ден, а заради тоа остана во одлична форма.

Вежбањето и помогна полесно да го помине овој период, а и породувањето помина одлично, пренесуваат медиумите.

Потсетуваме, Едина и Мачка на лудиот камен застанаа во ноември 2024, кога Едина веќе беше во блажена состојба.

Ова е нејзино прво дете, додека нејзиниот сопруг од бракот со Тамара Тодевска ги има ќерката Хана и синот Дарен.

Едина и Мачка името на својот син Максим го избраа уште пред да се роди бебето. Станува збор за име што има латинско потекло и за кое се смета дека е настанато од латинскиот збор, односно титулата „maximus“, што значи најголем. Па така Максимус е почесна латинска титула која ја добивале само големите војсководци, посебно стратезите што обезбедувале воени победи.

Со тек на време станало и личното име кое го носеле и некои светци, а за нашиот народ најпознат е Пребодобниот Максим исповедникот, еден од врвните византиски теолози и свети философи на Црквата, често нарекуван и татко на православието кого го празнуваме на 3. февруари.

Родителите што на своите деца им го даваат името Максим посакуваат нивниот син да има огромна душа и срце и низ животот да го води огромна желба за победа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button