ИнтервјуНега и здравје

Се почести се проблемите со тироидната жлезда вели за Гламур д-р Маја Милованчева Поповска спец. интернист

Болестите на тироидната жлезда се меѓу најзастапените ендокрини пореметувања.

Advertisement

Во последно време се почести се проблемите со тироидната жлезда и заболувањата кои се јавуваат. За да дознаеме нешто повеќе околу оваа тема поразговаравме со д-р Маја Милованчева Поповска спец. интернист нефролог од Поликлиниката Зегин. Што ни посочи таа во продолжение прочитајте во текстот а воедно и погледнете го  и цело интервју  со д-р Маја од емисијата Ваш Термин на Тв Сонце.

Advertisement
Тироидна жлезда

Болестите на тироидната жлезда се меѓу најзастапените ендокрини пореметувања. Tироидната жлезда игра витална улога во регулирањето на метаболизмот, виталните функции, растот и развојот. Тироидните хормони комуницираат со другите хормони, инсулин, кортизол и половите хормони. Нарушувањата често остануваат недијагностицирани поради суптилните симптоми или нивното погрешното толкување.

Главната улога на тироидните хормони е да им дозволи на клетките да ја претворат гликозата во енергија. Ниската функција на жлездата е состојба на нарушен проток на енергија на сите нивоа на животот, има последици врз физичката и менталната благосостојба. Кога хормоните се неурамнотежени, сериозни проблеми може да се јават: фибромијалгија, синдром на нервозно дебело црево, егзема, заболување на непцата, автоимуни нарушувања.

Причини: фактори на животниот стил, стрес, лоша исхрана, диети со малку јаглехидрати, алергени, инфекции, несоодветна изложеност на светлина, изложеност на хемикалии/токсини кои го нарушуваат ендокриниот систем.

Advertisement

Хипотироидизам, намалена функција на жлездата, е ефект на неефикасна оксидација на гликоза што води до воспаление, инсулинска резистенција, акумулација на холестерол, калцификација на меките ткива и „целосна неспособност да се спротивстави на стресот“.

Принтскрин/ Јутуб

Жлездата не продуцира доволно хормони. Знаците и симптомите се јавуваат полека, постепено, варираат во зависност од тежината на недостаток на хормоните.

Причини за хипотироидизам: Хашимото тироидитис (автоимуна болест, најчеста причина), преголем одговор на терапија за хипертироидизам, операција на жлездата, зрачење на канцер на врат или глава, лекови (литиум).

Во раните стадиуми може да нема забележливи симптоми. Како метаболизмот се успорува, се зголемува тежината, не може да се ослаби, постојан замор (ниска енергија), студ/пореметена терморегулација, болки во мускули и зглобови, кршливи коса и нокти, бледа и сува кожа, опаѓање на косата, надуено лице, срцева болест, опстипација (забавена цревна перисталтика), високо ниво на холестерол, депресија, успорување на менталното функционирање, периферна невропатија, гуша, микседем (животно загрозувача состојба).

Хипертироидизам, зголемена концентрација на хормоните, е состојба на забрзан метаболизам.

Причини: автоимуната Гравесова болест (кај жени, од 20 до 40 години), хиперфункционален јазол/токсичен аденом, полинодозна токсична струма, претераното внесување хормони, акутен/гноен тироидитис (бактериска инфекција), субакутен тироидитис (вирусна инфекција), постпородилен тироидитис.

Симптоми: гушавост, нервоза, промени на расположението, неподнесување топлина, прекумерно потење, тресење на рацете, срцебиење, брзо заморување, отежнато дишење, брзо губење на тежината и покрај добриот апетит, проливи, влажна и топла кожа, егзофталмус (испапченост на очите).

др.Маја милованчева Поповска спец.интернист нефролог

Во продолжение можете да го проследите целиот разговор од емисијата Ваш Термин на Тв Сонце.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button