CelebrityTV

Се омажи згодната ѕвезда на Гранд – со круна на главата како кралица, во раскошна венчаница

Пејачката Николина Милосављевиќ, која го привлече вниманието на јавноста со своето учество во „Ѕвездите на Гранд“, се омажи за својот долгогодишен партнер.

Advertisement

Пејачката Николина Милосављевиќ, која го привлече вниманието на јавноста со своето учество во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, стапи во брак со својот долгогодишен партнер.

принтскрин инстаграм

На својот инстаграм-профил, згодната Николина објави серија фотографии од свадбата, на кои се гледа дека носи раскошна венчаница украсена со бисери, а на главата има круна од циркони.

Advertisement

Нејзиниот сопруг, пак, одбрал за свадбата бел костум, а под фотографиите пејачката напиша едноставно: „Mr. & Mrs.“

принтскрин инстаграм
принтскрин инстаграм

Пред свадбата, нејзините најблиски пријателки ѝ организираа, на изненадување, вечер само за девојки.

„Јас во улога на идна невеста и моите прекрасни девојки! Ви благодарам за најубавиот ден, ден за паметење. Ве сакам многу сите!“, напиша Николина покрај фотографиите од прославата.

Advertisement
принтскрин инстаграм

Интересно е што многумина забележуваат дека Николина неверојатно наликува на пејачката Маја Беровиќ, не само по изглед, туку и по стилот на пеење. Таа во едно интервју веќе откри дека не ѝ пречи оваа споредба:

„Многумина ме споредуваа со неа во текот на натпреварувањето, и по гласот и по изгледот. Мене тоа воопшто не ми пречи, напротив, драго ми е. Таа е навистина преубава жена“, рече Николина.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button