Се огласи вдовицата на Саша Поповиќ пред финалето на „Ѕвездите на Гранд“ – вакво големо изненадување подготвува за вечерва!
Спектакуларната завршница на најгледаното музичко шоу во регионот започнува вечерва во 21 часот, кога 20 финалисти од Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора ќе се борат за титулата победник на 18. сезона.

По повеќемесечен молк по смртта на нејзиниот сопруг, легендарниот шоумен и основач на „Гранд продукција“ Саша Поповиќ, неговата вдовица Сузана Јовановиќ се појави во јавноста, и тоа со силна порака токму во пресрет на вечерашното големо финале на „Ѕвездите на Гранд“.
Спектакуларната завршница на најгледаното музичко шоу во регионот започнува вечерва во 21 часот, кога 20 финалисти од Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора ќе се борат за титулата победник на 18. сезона.
Сузана на својот Инстаграм профил објави поддршка за еден од натпреварувачите – Зоран Ружиќ Ферари, механичар од Виена, кого нејзиниот покоен сопруг случајно го сретнал додека возел „ферари“, по што му ја променил судбината и го донел во шоуто.
„Поддржете го нашиот Зоки Ферари, испратете број 15 на 1010“, напиша Сузана, со што ја прекина својата медиумска тишина која траеше од 1 март, денот кога Поповиќ почина на 71-годишна возраст.
Но тоа не е сè. Сузана вечерва првпат ќе се појави јавно по смртта на сопругот, токму во финалето на „Ѕвездите на Гранд“, каде лично ќе ја врачи специјалната награда што го носи името на Саша Поповиќ. Наградата ќе вклучува статуетка, автомобил, песна и маркетинг пакет – комплетна платформа за старт на кариерата на новата музичка ѕвезда.
Advertisement
Финалето се очекува да биде емотивно, историско и полно со изненадувања, а жирито, публиката и гледачи ширум Балканот ќе бидат сведоци на вечерта која ќе ја обележи не само крајот на сезоната, туку и почитта кон човекот кој го создаде шоуто – Саша Поповиќ.