Се огласи сестрата на Тоше и со една фотографија сите ги расплака – ова е болка голема, не поминува
Постојат болка и тага кои никогаш не минуваат и рани кои остануваат, туку едноставно мора да се научиме некако да продолжиме, да живееме со нив...

Тоше Проески за многумина беше ангел и додека беше жив, а неговите песни ќе останат засекогаш да не потсетуваат на неговиот глас.
Во неговиот роден град Крушево преку цела година доаѓаат луѓе да му запалат свеќа и да го посетат неговиот гроб, воедно сеќавајќи се и на бројните хитови што нема никогаш да се заборават.
Тој беше и остана еден од напите најголеми и најпознати пејачи, а неговиот успех тешко дека некој некогаш ќе го достигне.
Принтскрин/ Јутјуб, АИ
Но и покрај тоа што за две години ќе поминат точно две децении од страшната несреќа што се случи во 2007 година, а во која што Тоше загина, болката предизвикана од загубата и тоа што прерано не напушти овој наш музички гениј се уште не минува.
Многумина и денес со голема болка и тага се сеќаваат на него, а овие денови на неговиот лик се потсети и неговата сестра.
Имено, сестрата на Тоше, Дора Проеска, на својот профил на Инстаграм сподели една фотографија со која многумина расплака.
Инстаграм/ Дора Проеска
Но фотографијата покрај Тоше е и Никола, нивниот татко кој почина минатата година, 16 години по трагичната загуба на својот син.
Инстаграм/ Дора Проеска
Потсетуваме, Никола и Доминика, таткото и мајката на Тоше, по трагедијата во која загина нивниот син, живееја повлечен живот во Крушево. Од извори блиски до семејството тие немаа сила да се појавуваат во јавноста, па дури ни на концертот на нивниот внук Кристијан во чест на Тоше, бидејќи нивната болка и по сите изминати години беше преголема.
Принтскрин/ Јутјуб
Сестрата на Тоше, Дора се огласи и на неговиот роденден, 25 јануари, кога сподели торта на која со златни букви беше напишано името на нејзиниот брат. На тортата имаше и златен крст и ангелски крилја, а во близина стоеја свеќи, жито, цвеќе и неколку фотографии од непрежалениот македонски пејач.