Се огласи сестрата на Фросина – скршена од болка објави фотографија од која и камен би заплакал (фото)
Неизмерна е болката и тагата и нема зборови што би можеле да бидат утеха за семејството на оваа млада девојка
Неизмерна болка…
Младата дизајнерка Фросина Кулакова од Неготино загина откако беше прегазена на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“.
Несовесниот возач ја прегази поминувајќи на црвено, со недозволива брзина и под дејство на алкохол, со што го завеа во црно целото семејство на Фросина, дизајнерката пред која беше животот. И како што деновиве откри во болка нејзиниот татко, Тодор Кулаков, таа беше дојдена во Скопје за да го организира своето патување во Париз, град што секоја година го посетувала.
Но наместо да ја испратат во Градот на светлината, несовесноста на возачот го зави во црно целото нивно семејство.
Инстаграм/ Фросина Кулакова
По несреќата граѓаните од Скопје излегоа на протести и го изразија својот револт кон институциите, а на улицата беа и најблиските на Фросина. Тие скршени од преголема болка заради трагедијата што им се случи чекореа заедно со илјадниците луѓе, а таткото и сестрата на Фросина, дадоа и изјави за медиумите, одвај зборувајќи од болка и преголема тага, со солзи на очите.
Инстаграм/ Росица Кулакова
По протестот Росица, сестрата на Фросина, сподели неколку фотографии и снимки од истиот на социјалните мрежи.
Инстаграм/ Росица Кулакова
Таа скршена од болка бара да има правда за нејзината сестра, но и промени кои во иднина би спречиле да ни се случуваат вакви трагедии.
На нејзиниот профил осамна и една фотографија што ги расплака сите, а на која на едната страна е гушната со својата сестра, а на другата ја држи во раката фотографијата со нејзината слика и чекори во колоната со граѓаните кои излегоа на протести и кои заедно со семејството бараат правда и одговорност за оваа трагедија.
Инстаграм/ Росица Кулакова
„Дади моја! Наместо топлината на твоите прегратки ми остана само студениот допир на стаклото. Вака изгледа неправдата“, напиша Росица под црно-белите фотографии што ги објави на својот профил.