Се огласи пејачот од Македонија што направи скандал во „Ѕвездите на Гранд“ – еве што напиша за Поповиќ
Тој се огласи и со потресни зборови се збогуваше од Поповиќ

И нашиот пејач се збогуваше од Поповиќ
Младиот пејач Александар Темелков неколку сезони учествуваше во „Ѕвездите на Гранд“ каде всушност и се прослави.
Но и покрај тоа што од популарното шоу си замина театрално и направи скандал кога демонстративно ја напушти сцената и не се согласи со коментарите на претставниците на жирито (повеќе за ова тука), Александар на својот профил сега јавно изрази сочувство до семејството на балканскиот естраден маг Саша Поповиќ.
„Почивај во мир Директоре. Ти благодарам за секоја пофалба и позитивна критика и укажаната можност да бидам дел од ‘Ѕвездите на Гранд’. Патувај со ангелите, сочувство до семејството“, напиша Темелков на своите профили социјалните мрежи.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Потсетуваме, младиот пејач се најде во центарот на вниманието кога пред неколку години, кога во „Ѕвездите на Гранд“ беше и Јелена Карлеуша, револтиран од коментарите на жирито демонстративно ја напушти сцената, без да се поздрави со никој од нив и потполно разочаран си замина од сцената.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Голем пораз, но не за Темелков
Тоа навистина беше пораз, но не за него, туку за жирито, бидејќи тој од свои 15 години беше дел од шоуто и секако дека не заслужуваше ваков третман, посебно не пред камерите. Но Александар очигледно беше погоден од смртта на Поповиќ, па со емотивни зборови се обрати и изрази сочувство, заборавајќи на сите непријатности што во минатото му се случиле и сеќавајќи се само на убавите работи.
Инстаграм/ Александар Темелков
Темелков по ова шоу продолжи да ја гради својата кариера и благодарение на овој музики формат стекна своја публика, па сега важи за еден од омилените македонски фолк-пејачи од помладата генерација.
Инстаграм/ Александар Темелков
Темелков со сопругата и бебето
Неговите песни што ги сними по шоуто станаа вистински хитови кога станува збор за народна музика, посебно емотивната песна „Зошто сине ти си замина“ со која тој многумина расплака, а зад која се крие вистинска тажна приказна.
Повеќе за ова прочитајте тука…