Се огласи момчето на девојката што беше прегазена на Партизанска – од овие зборови и камен би заплакал
Наскоро ќе поминат пет месеци од несреќата во која загина 22 годишната Фросина Кулакова од Неготино

Тажен ден за семејството и за сите што ја познаваa
Нејзините пријатели ја опишуваат како насмеана и секогаш позитивна девојка, која имала големи планови за себе.
Фросина Кулакова која почина откако беше прегазена на пешачки премин да беше жива денес ќе славеше роденден.
Инстаграм/ Фросина Кулакова
Таа требаше да наполни 23 години, а нејзиното момче на својот профил сподели фотографии од претходниот роденден.
На една од фотографиите Фросина ги дува свеќите во форма на бројот 22, а момчето врз истата ги напиша следниве зборови:
Инстаграм/ Ристов П.
„Денес требаше да дуваме за 23, ангелу мој. Нека ми ти е светол патот кон вечноста“, напиша скршен од бока Петар Ристов, момчето на Фросина.
Инстаграм/ Фросина Кулакова
Потсетуваме, животот на Фросина згасна откако беше прегазена од носовесен возач на пешачки премин на Партизанска.
Инстаграм/ Телма
Несреќата во која загина 22 годишната девојка од Неготино се случи на 29 јануари оваа година и ја потресе цела Македонија.
Таа беше модна дизајнерка и пред неа беше успешна кариера, но нејзиниот живот прерано згасна.
Инстаграм/ Фросина Кулакова
На нејзиниот профил на Фејсбук се уште стои нејзината последна објава на која таа беше насмеана и среќна, со своите најблиски.
Инстаграм/ Фросина Кулакова
Станува збор за снимка направена со нејзиното семејство за Бадник, а неколку дена подоцна, замина во царството небесно…
Инстаграм/ Фросина Кулакова
Последната објава на Фросина на Фејсбук погледнете ја тука.