Се огласи мајката на убиената Емилија од Штип: Само смртна казна за такви болни луѓе ВИДЕО
Синоќа убиената 29 годишна Емилија П. од Штип трагично го заврши животот од нејзиниот сопруг, повратник од затвор.
„Денеска 01.11.2024 околу 20.15 часот во ПС Штип дошол Ф.З. (25) од Штип и пријавил дека ја убил неговата партнерка Е.П. од Штип и посочил дека телото се наоѓа во објект во Штип“, велат од МВР.
Емилија во брак со убиецот Ф.З. (25) од Штип е осум години, а врската за целиот период им била турбулентна. Тој немал постојана работа и често имал активности од другата страна на Законот. Во последниот период таа живеела заедно со нејзиното дете кај родителите, каде и е убиена.
Љубомора и прекината врска е причината за суровото убиство на Емилија П. Задавена е со голи раце во сопствената куќа во подножјето на месноста Суитлак, од страна на Ф.З, пренесува ТВ Стар.
Како што е познато синоќа во Штип се случи тешко убиство откако настрада 29 годишна жена, а убиецот сам се пријавил во полиција.
Денес пред камерите на МНет Тв проговорија родителите на на убиената Емилија
Со скршено срце и неизмерна болка, родители на убиената 29 годишна штипјанка Емилија Пешева, тагуваат за својата ќерка. Велат дека во неколку наврати убиецот ја малтертирал и и се заканувал на убиената, пред да го избрши вчерашниот злостор. Додаваат дека на ваквите злочини треба да се стави крај, бидејќи како што велат денеска е нивната ќерка, но зад утре може да бидат и другите деца.
“Казната, смртна на такви болни луѓе, а не да се шетаат по градот слободни. Сакаше многу да се друже и затоа правеше се за да им угоди на сите, за да ја сакаш. Сакајќи да се друже, еве има луѓе психопати, кои што ја искористија, а брзата помош неколку пати ја донесуваше тепана. Очите сакаа да ги вадат. Jас не дека сакам да се ослободам од нејзе, ние сме сите мајки сите ние си ги сакаме нашите деца, не дека не ги сакаме, нека слушнат сите социјално, полиција, сите, бидејќи и тие се родители, а за такви луѓе како него има ги многу, да ги приберат, или смртна казна, или во Бардовци нека си лежат. Денеска моето, утре другите, бидејќи секој ден ќе си има жртви, со тепање, убивање, силување.”, истакна мајката
Во согласност со ситуацијата, според првичните информации од МВР убиството се случило околу 20.15 часот , а убиецот Ф.З. (25) од Штип пријавил дека ја убил неговата партнерка Е.П. од Штип и посочил дека телото се наоѓа во објект во Штип.
Од страна на полициски службеници телото било веднаш пронајдено. Во тек е увид на местото на настанот во присуство на дежурен јавен обвинител“. Телото на починатата жена е предадено на обдукција, а според информации на М-НЕТ телевизија убиецот е поранешен осуденик.