Вести

Се огласи мајката на девојката што загина во пожарот – емотивни зборови што сите ги растажија

Непребол, бескрајна тага...

Advertisement

Младата Ивона Антова од Кочани е една од 59-те настрадани жртви во пожарот што се случи во дискотеката „Пулс“.

По страшната несреќа семејството и блиските на Ивона откако слушнаа за пожарот, со часови ја бараа, но безуспешно.

Advertisement

Тие тогаш споделуваа апели и на социјалните мрежи, бараа било каква информација за неа, но на крајот стигнаа најлошите вести.

Имено, Ивона беше една од невините жртви кои не успеаја да се спасат и чии животи прерано згаснаа во страшната несреќа.

Advertisement
Принтскрин/ Инстаграм

На социјалните мрежи се огласија и родителите на Ивона, кои во знак на тага објавија црни фотографии, но и тажни пораки.

Нема разделба… Има љубов и бескрајна тага.

„Кобната смрт, надежите ги стопи, Деновите ни се тажни и горчливи, не разгорува безмилосна тага. За живот полн со смисла и содржина, за срце полно со љубов за секого, за прекрасна личност – нема да има заборав“, пишува во некрологот со кој најблиските се збогуваа од 21-годишната Ивона.


Мајката на Ивона сподели и неколку фотографии во сеќавање на својата ќерка, со порака што расплака многумина.

„Нашата единствена ќерка, убавица на мама и тато, нашето мило чедо, ни го земаа од раце, и не оставија со празно срце, празна душа, празна куќа, празен живот.. непребол“, пишува во пораката објавена на „Threads“.

Принтскрин/ Инстаграм

Инаку, Ивона беше планинарка, па од неа се збогуваа од Федерацијата на планинарските спортови на Македонија, кои изразија сочувство и до семејствата на сите останати загинати во страшната несреќа.

Покрај Ивона во страшната несреќа загина и младиот планинар и нејзин колега од Кочани, Ѓорѓи Величков.

Принтскрин/ Инстаграм

Од овие млади планинари се збогуваа и од нивниот планинарски клуб од нивниот град, Осогово, кои исто така споделија тажна порака.

Како да помогнеме по трагедијата во Кочани

Потсетуваме, по страшната несреќа Црвен крст и Владата на Македонија отворија заедничка сметка за донации, а тоа го направија и неколку граѓани од Кочани преку страницата „SupportKocani“.

На оваа интернет страна може директно да се донира на сметките на членовите на семејствата на повредените лица кои моментално се наоѓаат на лекување во Македонија или во некоја од болниците во странство (за повеќе информации кликнете тука).

Како што велат лицата што стојат зад овој проект, нивната цел е преку директно донирање на сметките на семејствата на загинатите и повредените лица да им се обезбеди дополнителна финансиска помош во овие тешки моменти за нив.

Повеќе информации побарајте директно на SupportKocani.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button