Се огласи и сопругата на еден од уапсените по несреќата – скршена од болка, одвај стои на нозете (видео)
Жената изрази сочувство до семејствата на загинатите, одвај зборуваше од преголемата болка ...

Сопругата на еден од вработените во фирмата што го обезбедуваше клубот „Пулс“ во Кочани се огласи во медиумите.
Таа изрази сочувство до семејствата на настраданите, а во својата изјава го спомна и Иле Гочевски, возачот на Брзата помош од Кочани, кој откако цела вечер ги пренесуваше повредените во болница, се врати дома скршен од болка, си легна во својот кревет и од преголема тага, за жал, повеќе никогаш не се разбуди.
„Најпрво сакам да го споменам Иле, возачот на Брзата помош кој легна и од тага не се разбуди. Сакам да им се заблагодарам на сите останати луше, одкои некои повеќе не се меѓу нас. Целта е да ги поддржиме нашите сопрузи, ние ги нарековме нашите херои. Да не беа тие, ќе имаше многу повеќе загинати“, изјави оваа жена, скршена од болка како и сите во Кочани по несреќата.
Присутните носе транспаренти на кои бараа слобода за уапсените припадници на обезбедувањето на кои им е изречена мерка притвор.
„Слобода за нашите херои“, пишува на еден од нив.
Потсетуваме, во страшната несреќа што се случи вечерта помеѓу саботата и неделата, кога избувна пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани настрадаа најмалку 59 лица, а скоро 200 се повредени и се наоѓаат во болниците. Тие најпрво беа префрлени во болниците во Кочани, Штип и Скопје, а потоа и во соседните земји.
Тивкиот херој од Кочани
Возачот ХЕРОЈ на Брзата помош од Кочани, Иле Гочевски, цел ден ги превезувал повредените во катастрофалниот пожар.
Гочевски во неделата, како и секој ден претходно, ја вршел својата должност, носејќи пациенти и повредени лица, секогаш давајќи максимум за да им помогне на оние на кои во тој момент им беше потребна помош.
Но по големата несреќа, по тешкиот и траорен ден, откако сите пациенти биле пренесени, се вратил дома да се одмори, заспал и не се разбуди.
Како што велат извори што го познаваа, кога се вратил дома цело време плачел, па отишол да си легне, заспал и за повеќе не се разбуди.
На неговата Фејсбук страница пријателите, школските другари и сограѓани се збогуваат од тивкиот херој што безрезервно им помагал на настраданите во најтраорната ноќ што некогаш се случила во Македонија.
Нека почива во мир и Господ нека му ги отвори рајските порти и нему и на сите останати што настрадаа во оваа страшна несреќа.