Наши ѕвезди

Се огласи и Никола Станишиќ во врска со скандалот со Вики Миљковиќ и „митото“ од 20.000 евра (фото)

Хаос и на социјалните мрежи

Advertisement

Откако пејачот Александар Темелков се огласи, неговата објава веднаш ја сподели и Вики Миљковиќ

Цел Балкан беше „шокиран“ по веста дека некогашниот натпреварувач од Македонија во „Ѕвездите на Гранд“ ја обвини својата менторка Вики Миљковиќ дека му барала мито.

Advertisement

По оваа вест, се огласи и Вики која преку соопштение објавено на Инстаграм од Темелков побара јавно извинување.

Таа на својот профил ја сподели и опомената пред тужба во која пишува дека во спротивно, доколку не и се извинат и не бидат повлечени клеветите изречени против неа, пејачката ќе биде принудена да бара 200.000 евра оштета од Темелков.

Advertisement

По нејзината објава многумина во коментарите и дадоа поддршка, а меѓу нив и Никола Станишиќ, единствениот финалист од Македонија за оваа сезона во „Ѕвездите на Гранд“, кој го напиша следново:

Инстаграм

„Вики, јас лично знам колку ти му помогна на тоа момче. И ова што тој го изнесе е дно, само за да привлече внимание. Сите сме со тебе“, напиша Станишиќ под соопштението на Вики на Инстаграм.

Инстаграм

„Ти се заблагодарувам од срце на твојата реакција“, му одговори Вики на Никола под неговиот коментар.

Инстаграм

Потсетуваме, по обвинувањата дека Вики барала мито од него, се огласи и Темелков на својот Инстаграм профил.

Имено, тој се огласи и ја повлече својата изјава, а се бранеше со тоа што изјави дека бил погрешно сфатен, но и дека немал намера да ја навреди својата поранешна менторка, ниту пак продукцијата.

Инстаграм

Извинување имаше и од страна на Давид Давидовски, водителот во чија емисија Темелков ја обвини Вики за мито.

Повеќе за тоа што изјави Темелков во своето извинување, но и што изјави за нашиот медиум по скандалот, откријте тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button