По сензационалната објава на Марија Шерифовиќ дека по десет години го напушта жирито на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, Гранд продукција експресно реагираше со официјално соопштение кое предизвика лавина реакции и силни емоции кај публиката.
„По десет незаборавни години, дојде време да се простиме од нашата Мара, нашата Марија Шерифовиќ“, стои во соопштението.
„Оваа деценија беше исполнета со предизвици, емоции и големи таленти. Марија даде сè од себе – искрено, страсно и без задршка, за младите да го најдат својот глас и патот до сцената.“
Огласот на Гранд продукција дојде само неколку часа по емотивната објава на Шерифовиќ, која на Инстаграм напиша:
„Кукли мои, срцето ми е полно… време е да затворам едно важно поглавје од мојот живот и кариера. Ви благодарам за довербата, љубовта и сите овие незаборавни години.“
Во продолжение, таа призна дека се задржала во шоуто подолго од планираното поради Саша Поповиќ, покојниот директор на Гранд, кој ја убедил да остане благодарение на новиот концепт на натпреварувањето.
„Имав чест да учам од најдобрите. Благодарна сум на целиот тим, на кандидатите кои ме инспирираа и на сите кои ме следеа и кога ме сакаа и ме трпеа“, напиша Марија, која се прости со прегратки, емоции и благослов за иднината на емисијата.
Шерифовиќ беше срцето и совеста на жирито, позната по нејзиниот бескомпромисен став, искреност и непогрешливо уво за талент. Нејзиното заминување означува крај на една златна ера, а нејзината празнина, според многумина, ќе биде тешко пополнета.
Во финалото, таа јавно му честиташе на победникот Никола Станишиќ, на Цеца Ражнатовиќ за менторството, со зборовите „Ќе ми недостигате – и јас вам“. Ја затвори вратата… но остави ехо што ќе одѕвонува долго.
Официјалното збогување од продукцијата само го потврди она што фановите веќе го чувствуваа: „Ова не беше само шоу – ова беше емоционален дом во кој Марија беше водилка.“