Со доаѓањето на пролетта, на македонските пазари се појавува една навидум скромна, но навистина многу моќна билка.

Станува збор за дивиот лук, познат и како див бел лук, сремуш или мечкин лук. За само 50 денари можете да добиете врзопче од оваа зелена витаминска бомба, но ако сте љубител на природа и прошетки, можете и сами да ја наберете – ја има во шумските предели на Галичица, Шар Планина, околината на Дебар, Скопска Црна Гора, Јабланица, па дури и во некои делови од Берово и Преспа.
Advertisement

Дивиот лук расте на влажни, сенковити места, најчесто покрај планински потоци или во густи лиснати шуми, а неговите нежни зелени листови се берат од крајот во април и во ма. Има силен мирис налик на лук, но со поблага арома и освежувачки вкус.

Според нутриционистите, дивиот лук е исклучително хранлив и корисен за организмот.
Тој ја чисти крвта, го намалува притисокот, го регулира шеќерот и холестеролот, го стимулира варењето, го зајакнува имунитетот, ја подобрува работата на цревата, делува антисептички и антибактериски, и притоа делува како природен детокс на телото по зимските месеци.
Advertisement

Може да се користи свеж во салати, ситно сечкан со јогурт и лимон, како додаток во омлети, варива и супи, или во вид на песто со маслиново масло и ореви.
Дури и по термичка обработка, ги задржува своите нутритивни својства.
Домашно песто од див лук
Во блендер измешајте:
– 1 врзоп свеж див лук
– 50 грама ореви (или бадеми)
– 50 мл маслиново масло
– сок од половина лимон
– малку сол по вкус
Добиената смеса ставете ја во тегличка и чувајте ја во фрижидер. Одлично оди како намаз, со тестенини или со скара.

Пролетна салата со див лук
Во чинија измешајте свежи листови див лук, домати, краставици, млади компири и варени јајца. Прелијте со маслиново масло и лимонов сок. Освежувачки, здраво и ќе ве засити!