FashionМодни советиТрендови

Се избезумивме од понудата на џемпери во овој популарен маркет – празнични, весели, меки и ЕВТИНИ, привлекуваат и среќа и насмевки!

Овој популарен маркет ни ги донесе празниците дома.

Advertisement

Празничната сезона е пред нас, а некои веќе мисли како убаво да не згрее и расположи. И секоја чест за ваквата понуда.

Во време кога низ Европа и Америка празничните џемпери се задолжителен дел од декемвриските фотосесии, дружби и семејни честитки, Стокомак успеа да понуди мека, топла и навистина празнична верзија по цена која едноставно не се одбива.

Advertisement

Модната индустрија и оваа празнична сезона го нагласува трендот „matching family outfits“ односно усогласени комбинации за цело семејство. И токму овие џемпери го погодуваат најсилниот празничен момент: тато, мама и дете во исто празнично плетиво, како од реклама за Божиќ. Или пак, дечко и девојка, или пак…зошто да не подарок за баба и за дедо.

Стокомак

Со класични зимски мотиви, елки, минијатурни камиончиња со подароци и традиционален норвешки патерн, џемперите изгледаат како директно „препишани“ од модните каталози што ги гледаме на Пинтерест и Инстаграм во пресрет на Нова година и Божиќ.

Но, додека во бутиците низ градот ваквите џемпери достигнуваат цена од минимум 1100 до 2000 денари, и нагоре, Стокомак пријатно изненадува со цени кои вистински ја демократизираат празничната мода, а во превод, тоа би значело напола цени:

џемпери за возрасни: 499 денари, за деца: 379 денари

Материјалот е комбинација со 30% акрил, што овозможува мек допир и комфор без гребење и тежина, идеално за деца, но и за секој што сака нешто „домашно“ и многу удобно.

Совршени се за новогодишни односно божиќни семејни фотосесии, училишни приредби, празнични дружења,новогодишни честитки, или само за лежерни ноемвриски и декемвриски вечери дома.

Зошто ваквите џемпери станаа хит?

Модните портали низ светот веќе пишуваат дека празничните џемпери имаат посебна моќ зашто го спојуваат семејството, будат детска радост и создаваат чувство на заедништво.

Иако кај нас трендот пристига малку подоцна, Стокомак оваа година го погоди вистинскиот момент. А купувачите веќе коментираат дека вакви преслатки модели ретко се гледаат по нашите продавници, а уште поретко по ваква цена.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button